ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјавил дека Анкара ќе го разгледа подобрувањето на односите со Каиро кога Египет ќе го ослободи соборениот претседател Мухаммед Мурси и ја укине смртната казна за неговите приврзаници.

Врските помеѓу двете земји се влошија иткако поранешниот шеф на војската и сегашен претседател Абдел Фатах ал-Сиси во 2013 година од власт го соборо Мурси кој им припаѓа на Муслиманските браќа после масовните протести против него.

Египетските сили за безбдност после тоа убија стотици приврзаници на Мурси кои демонстрирале во Каиро, притоа апсејќи илјадници припадници на Муслиманските браќа, како и неговиот лидер.

– Не прифатлив државен удар-

“Господин Мурси е претседател кој е избран со 52% од гласовите. И тој треба да биде ослободен“, истакнал Ердоган на враќањето од Иран, пренесуваат турските медиуми.

Претставник од канцеларијата на Ердоган ги потврдил овие коментари.

Движењето Муслимански браќа има блиски врски со владејачката турска партија (АКП), која ја формирал Ердоган, и која била најголем противник на собортибањето на Мурси, нарекувајќи го тоа “ не пррифатлив државен удар на војската“.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here