италија протести

Повеќе од 100.00 граѓани ја потпишале петицијата за спроведување на национален референдум за изгелување на ова земја од еврозоната.

“Италијанските противници на еврото собраа повеќе од 100.000 потписи на петицијата за спроведување на национален референдум, што им овозможува да ова иницијатива како законски проект поднесат на националниот парламент“, изјавил на РИА “Новости“ еден од организаторите на кампањата , член на опозициското движење познато како “ Движење на пет-те звезди“ Карло Собилија.

“Сабилија истакнал дека за покренувањето на народната иницијатива  биле потребни 50.000 потписи, ама движењето ќе се обиде таа бројка да ја зголеми за три пати.

“Ќе се обидеме да го зголемиме бројот на потписи, како би ја докажале  важноста на проблемот и сериозноста на своите намери. До сега се собрани повеќе од 100.000 потписи на граѓаните, ама имаме намера ова бројка да ја доведеме до 150.000. Мислам дека тој резултат ќе биде достигнат на почетокот на мај“, рекол Сибилија.

Тој додал дека после тоа ќе го предаде законскиот проект за спроведување на референдумот на разгледување на парламентарната комисија за уставни прашања, пренесува агенцијата “Спутник“

“Сметаме дека таков референдум би можело да биде одржан веќе на почетокот на 2016 година’ изјавил Сибилија.

Идејата за излегување на земјата од еврозоната ја подржуваат и други парламентарни партии, пред се “Лигата на северот’ и “Напред Италијо“ на Силвио Берлускони.

“Меѓутоа, тие повеќе зборуваат, а ние се занимаваме со реална работа. Впрочем, се надевам дека ќе не подржат овие сили во парламентот, како и делот од Демократските партии кои најмногу се поврзани со европското лоби“, надополнил Сибилија.

Според последната анкета, спроведена на почетокот на април, “ Движењето на пет-те звезди“ втора е по ред значајна сила во Италија веднаш после владејачката Демократска партија и моментално може да смета на подршка на 21,3% од гласачите.

Премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон во повеќе наврати ветувал дека, во случај да неговата партија победи на претстојните избори во месец мај ова година, во 2017 година ќе организира референдум за преиспитување на членството на Британија во ЕУ.

Според податоците од последните анкети, во Велика Бриоанија за излегување на земјата од ЕУ подготвени се да гласаат 42% од граѓаните додека за останување во ЕУ се залагаат 37% од Британците.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here