Кина ја зголемува својата армија како би се спротивставила на можно мешање на САД во регионалните проблеми – отценила агенцијата Ројтерс.
Укажувајќи дека Народно ослободителната армија на Кина забрзано се модернизира благодарение на се поголемиот буѓет и развојот на воената технологија.
Британската агенција исто така нагласила:
“Кинеските власти сакаат да создадат таква армија која ќе ја принуди САД да се држи што понастрана од регионалните спорови“.
Пекинг во интезивирањето на американската воена соработка со Виетна и Камбоџа, а исто така и од неодамна и со потпишаниот договор со Филипини за поморските бази, го гледа обидот на Вашингтон да го задржи влијанието во регионот и неподготвеност да своето “законско место“ му го остапи на Кина- истакнува Ројтерс.
Кина има намера на Американците да им покаже дека е во состојба да ги реализира своите регионални амбиции и да не дозволи САД да се меша во споровите кои немаат никаква или пак директна врска со Америка. Заради тоа – тврди Ројтерс – Кина ја зголемува идарната моќ на својата армија. Со намера нејзините крстаречки и балистички ракети да ги гаѓаат сите три воени бази на Америка во Јапан – од островот Хоншу до Окинава.
Британската агенција подвлекува дека Кина веќе работи на производство на балистички ракети кои ќе бидат закана за американските воени бродови.
Станува очигледно – заклучува Ројтерс дека двете страни на Тихиот океан се наоѓаат две големи сили:
Американската воена морнарица досега била доволно сила да Кинезите ги држи за узда. Сега кога кинеската армија се модернизира, тоа повеќе нема да може“.
Извор:(Fakti)










