Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изрази загриженост заради судирите во муслиманските земји, предупредувајќи на опасност од “распаѓање “ на исламскиот свет.
“Исламскиот свет моментално е во распаѓање“, им изјавил Ердоган на новинарите по враќањето од Иран, каде заедно со иранскиот колега Хасан Рохани се заложил за прекинување на војн ата во Јемен.
“Потребно е да се преземат итни чекори како би се открил(осуетил) обидот за дезинтеграција“, истакнал турскиот претседател.
Ердоган, на власта во Турција од 2003 година, ги повика меѓународните исламски организации веднаш под итно да реагираат и спречат судирите во муслиманските земји.
“Можете да го застапувате учењето на поинаква религиска насока, ама ако го наметнувате на другите, тогаш го уништувате умметот (муслиманската заедница), отценил Ердоган.
Тој истакнал дека мешународните организации како Организацијата за исламска соработка (ОИК) треба да покажат дека се искрени во намерата да го спречат насилството и жариштата како што се Ирак, Египет, Либија, Сирија и Јемен.
Ердоган истакнал дека ќе се залага за остварување на таа цел и додал дека планира посета на азиските муслимански земји како: Индонезија и Малезија, како и тоа дека уште еднаш ќе ја посети Саудиска Арабија.
Тој истакнал дека сите регионални кризи, вклучувајќи ја и она во Јемен, биле на на дневен ред на дводневниот разговор со иранскиот претседател Хасан Рохани и врховниот лидер Али Хамнеи.
“Групите во Јемен треба да се состанат и работаат на изнаоѓање на можно решение. Саудиска Арабија, Иран и Турција треба да дадат свој допринос како би се постигнало дипломатско решение“, истакнал тој.
Ердоган минатата недела жестоко ги критикуваше иранските шиитски власти заради нивното влијание во Јемен, каде шиитските бунтовници зазедоа големи делови од територијата и заради што е покрената воздушна интервенција на арапаската коалиција предводена од Саудиска Арабија.
