SAD ubrzavaju isporuku oružja arapskoj koaliciji

Американски претставник ги пофали Судијците заради тоа што им “испраќаат силна порака на Хутите и нивните сојузници дека не можат на сила да го освојат Јемен“
САД ја забрзуваат испораката на оружје на коалицијата на арапските земји кои ги бомбардираат положбите на шиитските бунтовници во Јемен и ќе ја зголемат размената на разузнувачкиге податоци со овие земји.
Заменик на државниот секретар Ентони Блинкен во вторникот , во текот на посетата на Саудиска Арабија во Ријад изјавил дека САД ј забрзале испораката на оруќје за арапската коалиција која ја предводи Саудиска Арабија.

Блинкен додал дека САД ја зголемиле и размената на разузнувачките податоци со земјите од колаицијата и рекол дека е воспоставен „ заеднички коринативен центар“ со саудиската влада заради помошта во нејзините воени операции.

За две недели, колку трае воздухополовната акција на арапската коалиција, во Јемен погинале 540 луѓе, а речиси 2.000 се ранети, според податоците на Светската здравствена организација. Исто така УНИЦЕФ соопшти дека во судирите настрадале најмалку 74 деца, и дека се раселени повеќе од 100.000 луѓе.

Хуманитарните организации стравуваат дека бројот на жртвите значителнио е поголем и предупредуваат на влошување на ситуацијата во пристаништето во Јемен- Аден, каде со денови се водат улични борби со шиитските бунтовници од движењето Хути и сојузниците на владата на јемен.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here