“Не сакаме да бидеме под влијание на доларот или еврото, или под влијание на нивните износи на берзите, заради тоа се договоривме, дека меѓу нас ќе ги користиме турската и иранската национална валута.
Тоа дополнително ќе ги зајакне нашите земји, изјавил Ердоган, и нагласил дека посакува трговската размене помеѓу Иран и Турција, која сега изнесува 14 милијарди долари, да биде зголемена на 30 милијарди долари.
Турција во слични преговори е и со Кина.
За време на средбата во Техеран двајцата државници избегнале да ја споменуваат моменталната ескалација на судирите во Јемен, каде уште еднаш како и во однос на Сирија двете држави се наоѓаат на спротивни страни.










