еупарламент

ЕУ во овој облик нема да може уште долго да опстане – се повеќе се силни евроскептиците во европските држави, кои бараат сериозно намалување на овластувањата на Брисел или напуштање на Унијата.

Евроскептичните партии победуваат или зајакнуваат во Велика Британија, Шпанија, Грција..

Британските конзервативци на чело со премиерот Дејвид Камерон најавува референдум за опстанок во ЕУ, ако победат на неделните избори.

Нив ги подржува и УКИП на Најџел Фарејџ, евроскептик, кој би можел  да влезе во коалицијата со Камерон после изборите.

И француската десница, предводена од “ Националниот фронт“ на Мари Ле Пен, отворено повикува на излегување од ЕУ и НАТО..

Колацијата на десните партии кои го предводи поранешниот претседател Николас Саркози исто така бара измени во овластувањата на Брисел.

Во Грција веќе на власт се острите критичари на економскиот систем на ЕУ на чело со Ципрас, кој се повеќе се окренува кон Москва.

Шпанската “Пегида“ најавува целосно изменување на политичкиот и економскиот систем во земјата, кои се косат со правилата на ЕУ.

Неко пратеници на евроскептичните партии, кои ги има се повеќе во Европскиот парламент, отворено работаат против интересите на Унијата.

Така францускиот “ Национален фронт“ се најде под истрага, заради тоа што е утврдено дека 20 луѓе кои Мари Ле Пен ги вработила во Европскиот парламент – таботеле исклучиво за “Националниот фронт“
Нивните активности немале врска со самиот Европски парламент, па им се приговара дека “погрешно потрошиле 7,5 милиони евра“

На обвиненијата на претседателот на Европскиот парламенѕ Мартин Шулц дека средствата не се потрошени за работа во Парламентот, Флоријан Филипо потпредседник на “Националниот фронт“, одговара дека Шулц е во право, пренесува Срна.

“Наши асистенти  работаат против ЕУ, а не за неа“, признал Филипо.

Евроскептичните партии добиваат се повече гласови на незадоволните граѓани. Таков развој на настаните упатува на неопходна реконструкција на политиката на ЕУ и откажување од идејата за создавање на “национална држава“

“ЕУ претставува смрт за француската економија, за нашиот систем на социјална безбедност и за нашиот идентитет“, тврди Мари Ле Пен во интервју за една грчка телевизија

Британскиот министер Камерон најавува референдум за 2017 година.

Во интервју за “Fajnenšel tajms” тој објасни дека “референдумоѕт е потребен, заради тоа што Европа се менува пред нашите очи, а британската јавност никој не ја прашува за било какво мислење за тоа.“

Британските конзервативци ја заостриле реториката во страв од раст на десничарската партија УКИП која Британците ги заплашува со навала од имигранти, а за сите други причини на економската криза ја обвунува ЕУ.

Кога ќе се земе во предвид дека европските регулативи пропишуваат одредби за секој индустриски сектор, да ги регулира правните и безбедносните процедури, раздружување на некои земји од ЕУ би траело долго и тоа би чинело неколку десетина милијарди фунти, проценуваат аналитичарите.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here