обама

Претседателот на САД, Барак Обама ја отфрли идејата дека рамковниот договор за нуклеарната програма со Техеран и светските сили значи и Иранско признавање на Израел.

Обама за Американското јавно радио (НПР) изјавил дека идејата со постигнувањето на договорто со Иран, да му се постави услов за признавање на Израел, би била иста како кога свестките сили би му рекле дека нема да потпише договор доколку иранскиот режим во потполност не се трансформира.

“Тоа според мое мислење е прогрешна проценка“, заклучил Обама, пренесува Ројтерс.
Обама и претходоно во разговор за “New York Times”, се обидол да ги одтргне стравовите на Израел заради договорот на светските сили со Иран поврзан за нуклеарната програма на ова земја, изјавувајќи: “ Ако било кој му се закани (замери)  на Изараел, Америка ќе биде таму“, пренесуваат израелските медии.

Тој тоа го изјавил неколку денови откако по постигнувањето на рамковниот договор со кој се ограничува иранскиот нуклеарен програм во замена за ублажување на санкциите. Тоа го отвара патот за преговори за техничките детали до крајот на јуни, заради постигнување на конечен договор.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here