Официјален Техеран и шесте светски сили постигнаа конечен договор за нуклеарното оружје на Иран, после маратонските преговори во Швајцарија.
Иранскиот претседател Хасад Рохани се огласи на својот Твитер профил по повод преговорите кои се водеа помеѓу иранската делегација и светските сили поврзано со нуклеарната програма на Иран, пренесува Анадолија.
“Постигнати се репенија за клучните прашања на нуклеарните прашања на Иран. Веднаш започнуваме со работа како би завршиле до 30.јуни“, напишал покрај останатото , Рухани.
Дека во денешните преговори постигнат е “ значаен напредок“ потврдил и главниот преговарач на Иран, министерот за надворешни работи на ова земја Џавад Зариф. Меѓутоа тој изјавил дека “денес нема да биде потпишан никаков договор“.
Нуклеарниот програм е ограничен само на една постројка, додека на другите постројки нивната намена ќе биде пренаменета.
Комплетен договор би требало да биде напишан до 30.јуни, а со овој договор санкциите кои се наметнати кон Иран би требало да бидат подигнати, а со тоа дополнително ќе се олесни економијата на ова земја.
Преговорите помеѓу П5+1 и Иран, односно САД, Велика Британија, Франција, Кина, Русија плус Германија и Иран би требало да завршат до 31 март, ама продолжени се заради тоа што решението не било пронајдено на време.
Единствен кој не е задоволен од ваквиот постигнат договор е премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху.
“Секој договор мора значително да го намали нуклеарниот капацитет на Иран и сопте троррот и агресијата на ова земја“, мислење е на Нетанјаху.










