Светската унија на исламските учењаци (International Union of Muslim Scholars, IUMS), со големо внимание го следи формирањето на Воениот сојуз, соатавен од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Катар, Бахреин и другите араопски земји, заради спротивставување на злосторствата на бинтовниците од редот на Хусите во Јемен,на темелните барања на легитимниот претседател на Јемен Абдурраби Мансур Хади, откако проблемот ескалира до таму така да искодот муе е неприфатлив, откако пуќистите на Хусите продреле до бројни стратешки места во Јемен и неговите покраини, почнувајќи од Сана и за кратко време да доспеат и до Аден и нас Јемен да на сила воспостават контрола, потпомогнати од одредени регионални сили, кои никогаш не работеле во интерес на арапската и муслиманската заедница.
Во врска развојот на тие настани, Светската унија на исламски учењаци смета и го потврдува она што следува:
- Унијата ја подружува легитимната власт во Јмен, олицетворена со изборот на јеменскиот народ, неговото избрано претседателство кое го призна арапскиот и муслиманскиот свет, истакнувајќи го легитимното право на јеменската влада да од арапските и исламските земји побара интервенција заради спротивставување на злосторствата на Хусите и нивната мрачна идеја, поготово откако ги одбија сите повици за откажување од пучто и пристапите за преговори кои се од општ интерес за Јемен.
- Унијата бара од Воениот сојуз под раководство на Кралството Саудиска Арабија да од насилниците – пучисти да ја одземе моќта и правата да им ги врати на оние на кои им припаѓаат, да оствари легитимна победа на Јемен и напредок на нејзината младост, во име на пролеаната крв, заради одтргнување на драгиот Јемен од нередите и од насилниците кои настојуваат се да вратат под контрола на своето оружје и тенковски цевки, не осврнувајќи се на било каква законитост, напредок или било каква општествен или природен ред во внатрешноста на Јемен.
- Унијата смета дека она што го презедоа десет-те земји на Воениот сојуз се совпаѓа со зборовите на Возвишениот Аллах џ.ш. изнесени во Чесниот Кур`ан : Ако две групи на верници се судрат, смирете ги, а ако една од нив пак направи злосторство на другата, тогаш борете се против онаа која направила насилство се тодека не се приклоони кон Аллаховите прописи. Па ако се приклони, тогаш не пристрасно смирете ги и бидете праведни, Аллах навистина ги сака праведните (El-Hudžurat, 9), под услов борбата да прекине, доколку Хусите се приклонат кон вистината, ја вратат разборитоста и интегрираат со народот, како што тоа го направиле другите групи на Јеменското општество.
- Целокупната одговорност за сето тоа што ја доведе моменталната состојба во Јемен, Унијата ја става на товар на Хусите, откако одбија бројни покани за дијалог, а кои им се упатени од страна на припадници на Умметот од разните земји. Меѓутоа Хусите ги затнале ушите на ваквите покани , а се придружија кон настојувањата со силата на оружјето да воспостават владеење во повеќе покраини на Јемен како и градови, иако општо е познато дека во бројка тие се едно малцинство кое не достигнува ни пет посто.
- Унијата го повикува Воениот сојуз да ги заштити животите на цивилите, жителите на Јемен, при заземањето на воените положби на кои се концентрирани бунтовничките и превратнички припадници на Хусите, да се насочат на она што ќе биде во служба на кршење на превратот-пучот и неговото осуетување и враќање на јеменскиот народ неговите законски права и напредувања, како би ја започнал саканата изградба на здрави темели.
- Унијата предупредува на опасност о ширење на религиозни проекти на поедини земји ( како Иран), кои апсолутно бесправно настојуваат да се прошируваат во арапскиот и исламските земји, на истокот и на западот. Унијата повикува на здружување на напорите и спротивставување на секој проект кој настојува да воспостави доминација над Умметот и контрола на неговите потенцијали.
- Унијата ја предупредува арапската и муслиманската заедница на штетноста на секој спор и пропаганда која повикува на отцепување на Умметот на етничка, јазична или мезхебска основа. Аллаховиот Пратеник. с.а.с., рекол: Верникот на друг верник му е како зграда, по тоа што еден на друг се потпира“, и притоа ги стиснува прстите на својата рака. Тој исто така рекол: “После мене, не бидете пак неверници кои еден на друг ќе удираат по вратот“.
Аллахи, сочувај го драг Јемен од секакво зло, и од секоја невоља, Сочувај ја муслиманската и арапската заедница од невољите, сплетките и лошите мисли на злобниците и нивните заговори! Соедини ги редовите на Умметот пред непријателите! Господару на световите, овозможи ја помошта која ја вети!











