сад пропаганда

Американската војска започна со страшна пропаганда во Сирија.

Борбените авиони Ф-15Е испуштиле 60.000 примероци на овој леток во градот Ракках, воена база на организацијата Исламска држава Ирак и Левент. (ИСИЛ)

Сликата го прикажува “Заводот за вработување на Daesh“ ( Daesh е навредлив прекар за ИСИЛ кој се користи во арапскиот свет)
На летокот два регрути на ИСИЛ од кој едниот повеќе изгледа како чудовиште отколку како човек, ги ставаат младите луѓе во машина за мелење месо на која со крв е напишано “Daesh”. Над знакот горе во десниот агол пишува “ Сега на ред е број 6.001“.

На прашање што сака да се постигне со летокот, портпаролот на Пентагон, полковникот Стив Ворен изјавил: “ Ако си дозволете Daesh да ве регрутира, ќе завршите во машина за мелење месо“.

Ворен изјавил дека летокот го осмислил тим за Операција на воена подршка во информирање (МИСО). До 2010 година, овој тим беше познат како „PSY-OPS“ ( што претставува кратенка за “ психолошки операции“), пишува Ал Џезира.

Или верни или принудени.

Стручњаците во прашање ја доведуваат прикладноста и тонот на летокот.

Фајсал Итани, соработник при Атланмтскиот центар во Вашингтон кој проучува разни групи кои учествуваат во сириската грашанска војна, изјавил дека сите во градот Ракках, кои размислуваат да му се придружат на ИСИЛ, се верни на идеологијата или пак се принудени да им се придружат.

“Оние кои припаѓаат на првата категорија веројатно се имуни на таква пропаганда, поготово ако доаѓа од воздушни сили кои ја бомбардираат Ракках“, изјавил Итани за Ал Џезира.

Останатите ќе се придружат од финансиски, безбедносни причини, или заради тоа што се принудени да се придружат.

“Оние кои се наоѓаат помеѓу режимот , ИСИЛ и воздушните напади на коалицијата, која сега се обидува да ги одврати од придружување на непријателот.Бидејќи живеат во услови и во опкружување кое е невкусно и апсурдно да се одвраќаат жителите на Ракках да се придружат на ИСИЛ, поврзувајќи ги со насилна смрт“, вели Итани.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here