Саудиска Арабија заради се поголемото незадоволство од американската политика во регионот започна да го обновува билатералниот дијалог со Русија, наведуваат службени извори од Министерството за одбрана на Саудиска Арабија.

Според написот објавен на порталот World Net News (WND)  , кој се повикува на извори на Министерството за одбрана, Саудиска Арабија не е задоволна од политиката на Вашингтон околу иранската нуклеарна програма. Авторот на написот го опишува незадоволството на Саудиските власти заради “американскиот пристап кон Иран, најголемиот конкурент на Саудиска Арабија за влијание на Блискиот исток и Арапскиот полуостров“.

Авторот тврди дека ова не значи само продолжување на дијалогор, туку можеби за цел се има да се створи и нов сојуз во регионот.

WND исто така напоменува дека ова не е прв пат на Блискиот Исток да се случуваат вакви радикални пресврти. Претходно Египет, кој беше долгогодишен американски сојузник, ги обнови блискиоте односи со Русија.

Сега со новиот  наводен дијалог помеѓу Москва и Ријад “само би се продолжи трендот помеѓу поранешните американски сојузници кои се свртуваат кон Русија“.

Саудијците се видно вознемирени и заради американското бегство од Јемен, а аналитичарите тврдат дека конечна цел на американската стратегија во Јемен е во стварност Саудиска Арабија, која најмногу пати заради “ катастрофалните последици на јеменската кампања“.

Политикологор и публицист  Kamran Gasanov, пишува како Ријад е внимателен заради кризата во Јемен, поготово сега кога својата војска мора да ја користи на северот на земјата заради заканите кои доаѓаат од страна на таканаречената “ Исламска држава“.

Според неговото мислење, Саудиска Арабија разгледува неколку опции за решавање на овој проблем, а една од тие е и воена интервенција, која е се поизвесна и веќе завчера саудиските трупи тргнаа кон границата на Јемен.

“Јеменската кампања, која не е можно да се спроведе без соучество на американските сили, на крај би можело да се покаже како погубна за Саудиска Арабија“, вели аналитичарот.

“Друг извор на напнатост на Блискиот исток би захтевал понатамошни зголемување на потрошувачката за одбрана, која веќе е висока, а познато е дека Саудијците не се подготвени да го  “стегнат ременот“, посебно ако се земе во предвид дека цената на нафтата и понатаму е ниска“, заклучува Гасанов и додава дека “ саудиската преданост во борбата против било каква сила која е поврзана со Иран го ослепи водството на таа земја“’.

Саудијците не разбираат дека јеменските шиити Хути, кои го практикуваат исламот во “најблаг облик извор на стабилност“ за Јемен, а не како закана, заради тоа што од друга страна земјата би паднала во рацете на Ал Каеда.

Мислам дека нема потреба од објаснување какво влијание тоа ќе има на нафтата од Саудиска Арабија’, пишува Гасанов.

Што се однесува на Вашингтон, првата цел од неговата стратегија во Јемен не е Иран, туку Саудиска Арабија.

“Династијата Ал-Сауд, која во средината на дваесетиот век била “ звезда водиља“ за американскиот нафтен бизнис на Блискиот исток, сега е “болен партнер“ и САД во Јемен ја игра истата улога во уривање на саудиската династија која и е доделена и на Украина и поткопување на политичката стабилност во Русија. Белата куќа се подготвува за подготовки на Блискиот исток, што дополнително ќе влијае и на регионалното сојузништво.

Американскиот Совет за национална безбедност актуелната состојба во Персискиот залив ја опиша како борба на генерации која на крајот ќе доведе до темелни промени во општеството, а тие посебно експлозивно ќе бидат во земјите во кои е вкоренет “религискиот есктремизам“ и каде властите ги отфрлаат  демократските реформи. Саудиска Арабија ги задоволува сите овие критериуми, вели Гасанов.

Имајќи во предвид дека Саудијците будно следат што се случува, лесно е и можно дека ќе посакаат да воспостават дијалог со Русија, додека за сојузништво не може да се зборува се додека Саудијците не го променат ставот спрема Иран. Имено на сите им е јасно дека династијата Ал-Сауд не може да се надева на влошување на односите на релација Москва-Техеран во нивна корист. Сепак, еднакво така останува фактот дека Американците со нивното повлекување од Јемен Саудиска Арабија ја оставија на цедило и сега Саудиска Арабија на северот  е загроезена од страна на “Исламската држава“, монструмот во чие создавање и самата учествувала, а на југ со ситуацијата во Јемен и се разбира војна која лесно може да се прошири и на нејзината територија. Значи, логично е тоа дека на Саудијците им треба силен сојузник, а исто така им е јасно дека Вашингтон нема да им гарантира безбедност и дека според нивното мислење дека Вашингтон ги издал.

Извор: АМСИ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here