vbsdjidchb

Поранешниот претседател на СССР Михаил Горбачов смета дека корените за конфликтите во Украина се во распадот на Советскиот Сојуз.

Тој предупредил и на последиците од настојувањето кризата во поранешната советска република да се реши по воен пат.

“ Длабоко вкоренатите причини за хаосот се пропаста на Перостројката, во неодговорните одлуки кои ги донесоа лидерите на Русија, Украина и Белорусија во Бјеловјеската шума“, наведил Горбачов, алудирајќи на состанокот одржан во 1991 година во Полска кога била донесена одлуката за распаѓањето на тогашен СССР.

Горбачов истакнал дека претходните години биле тест за Украина и западните нации да почнат со интеграција со ова држава во евроатлантскиот сојуз, притоа отворено игрнорирајќи ги интересите на Русија.

Според неговите зборови, сите страни губат, со предупредување дека тоа се резултат на акциите кои доведоа до нова Студена војна, а можат и да доведат и до вистинска војна.

“Нема воено решение  заради тоа што нема победник во тој случај. Важно е да се подржат сите конструктивни чекори и да се установи одговорен пристап кој би можел да доведе до мир“, истакнал Горбачов.

Тој смета, дека и антируските обиди на Западот, однапред се осудени на пропаст.

“Обидите да се изолира Русија или игнорира секогаш ќе бидат неуспешни. Сигурен сум дека нашата земја ќе го надмине овој период на економски тешкотии, ама мораме сериозно да анализираме зошто дојде до ова“, заклучил Горбачов.

Извор:(Tanjug)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here