Со пригодна свеченост во изведба на учениците од Основното Училиште “Гоце Делчев“ – Подгорци, вчера во просториите на ова училиште беше одбележан 21.март Денот на пролетта и екологијата.
Ова свечеснот, по повод овој празник , ја одбележуваме секоја година и истата ја збогатуваме со нови содржини, тргнувајќи пред се како од цитирањето, драматургијата, и едукацијата. Ова година како и секоја преку нашите ученици сакаме да ја пренесеме пораката за почиста и поздрава животна средина на што поголем број наши сограѓани и родители. Денот на пролетта го поврзуваме со екологијата, богатството на боите и на мирисите на пролетта кои се синоним за чиста средина. На овој ден исто така преку нашите активности, кои се однесуваат на ова тема се разбира би сакала и на овој начин на учениците и децата да им порачам да се грижат за својата околина, да се грижат за екологијата и во својата свест да нацртаат најубави цртежи за животната средина, односно да не се потестуваме на неа само во овој ден, (еднаш годишно) туку и во сите денови од годината, ни изјави Весна Чаторошкоска, педагог во ова училиште.
Па, како што и самите видовте, на различни начини се обидуваме да ја разбудиме свеста кај нашите ученици, за убавото и за се она што треба да се запомни и одржува како убаво. Активностите на нашево училиште се движат и во таа насока, пред само недела и пол имавме свеченост по повод 8-март, тука преку она што го имаа организирано нашите ученици, се разбира со подршка на своите наставници, се обидовме да ја разубавиме сликата кон жената, и мајката.
Денес како што видовте се обидовме, покрај цитирањето и драматургијата , со едукативниот дел уште повеќе да навлеземе кај свеста на учениците, се разбира и кај нас, за тоа што претставува екологијата, и се разбира она што секојдневно не опкружува , а тоа е животната средина. Морам да се пофалам дека и покрај сите други обврски во нашиов образовен процес, во ова училиште, како што и самите наназад забележувате, не поминува ниту еден значаен празник без и да го одбележиме на својствен начин, било да е преку свеченост или нешто слично. Притоа на крај би сакал да им се заблагодарам на наставниците на ова училиште кои на својствен начин и во рамките на своите можности допринесуваат во реализацијата на ваквите активности, – ни изјави директорот Фадил Исламоски.
Во рамките на оваа свеченост, беше организиран и едукативен квиз кој се однесуваше на поимите на заштити за природата и екологија. Најдобрите од овој квиз (победнички) Бегуша Муслиоска и Елена Павлоска од страна на директорот и организацијата на ова училиште беа наградени со по една книга.
А, ние почитувани посетители на Дубаи Портал, Ви го пренесуваме видеоматеријалот од свеченоста по повод овој ден (21.март) ден на пролетта и екологијата.
dubai-portal.com.mk








