Реномираниот американски think tank “Stratfor”, познат и како “ЦИА од сенка“, објави прогнозирачки извештај за наредините 10 години, во кој отворено се анализира светската политика за претстојната деценија.
Во извештајот се предвидува дека Европската Унија ќе доживее распад во наредните 10 години. Некои од причините за ваквиот настан се внатрешните судири на интереси и несупехот на 28 земјите членки да ја усогласат заедничката политика.
Освен тоа, растот на национализмот во внатрешноста на поиедини европски земји ќе резултира со сериозен раскол.
Во извештајот исто така се споменува, дека Русија на која и се предвидува паѓање на нејзиното влијание, заради тоа што светската политика и понатаму ќе ја интересира кризат во Украина.
Нестабилните цени на енергентите во светот ќе им отежне на земјите во регионот, а тоа дополнително ќе ја ослабне позицијата на Русија на јужниот дел на Кавказ и централните делови на Азија.
Stratfor предвидува дека Турција во наредните 10 нгодини ќе ја одржи политиката на стабилна економска раст и таа ќе се етаблира како регионална велесила.
Турција својата моќ, економски и политички, ќе ја насочи кон север.
Додека ЕУ ќе се распаѓа у ја губи економската сила која и ја давале поедини членки, Турција ќе се постави како една велесила на Балканот, стои во прогнозерскиот извештај на Stratfor за наредните десет години.
(TRT Deutsch)










