“Одборот за одбрана и национална безбедност на ирачкиот парламент има пристап до фотографиите на двата соборени авиони, кои се британски, а превезувале оружје за ИСИЛ“, изјавил шефот на одборот Хакем ал-Замели, според известувањето на арапски јазик од понеделникот од инфомативниот Исламски центар на Врховниот совет на Ирак.
Тој исто така додал дека Ирачкиот парламент побарал објаснување од Лондон.
Висок Ирачки представник дополнително појаснил дека владата во Багдад прима дневни известувања од луѓето и безбедносните сили од покраината ал-Анбар за бројните летови на американските коалициски авиони, кои низ воздушните десанти спуштаат оружје и опрема за ИСИЛ во подрачје кое го држат припадниците на оваа организација.
Ирачкиот представник истакнал дека по повод ваквата западна помош на терористичките организации, односно интересот на САД да ја одржува ваквата хаотичната состојба во провинцијата Анбар која се наоѓа во близина на градовите Карбала и Багдад, и се разбира не посакувајќи да ја заврши.
“Откривме оружје произведено во САД, европските земји и Израел на подрчјето на териториите кои ги ослободивме од ИСИЛ посебно во регионот Ал Багдади“, објави порталот Ал-Ахад, притоа цитирајќи ја изјавата на шефот на покраинското собрание на Ал-Анбар, Халаф Тармуз.
Ал-Замели исто така објави и дека во ноември минатата година “Анти-ИСИЛ“ коалицијата оставала оружје и храна за ИСИЛ во провинцијата Слахудин, Ал-Анбар и Дијала.
То исто така нагласил дека ваквото однесување на Коалицијата представува главна причина за опстанокот на ИСИЛ во Ирак.
Во продолжение наведил дека Одборот собрал податоци како и докази на очевидци, вклучувајќи ги и ирачките воени офицери и народните сили и рекол, “Тие документи се предадени на јавното обвинителство… и тоа ќе ги превземе сите дополнителни мерки за заштита на ирачкиот воздушен простор“.
Додека пак од друга страна Американското министерство за одбрана објасни дека во виоздушните десанти од 28 пакети на оружје и залихи наменети за курдските бранители една од нив не успеала да дојде во нивните раце.
Извор: Vatic Project | GlobalResearch









