Шефот на катарската дипломатија Халид Атије повикал на заедничко арапско дејствување како би се влијаело на меѓународната заедница да изврши притисок на израелската страна да ја прекине окупацијата на палестинската држава и проблемот да се реши по принцип на две држави.

катар дипломатија

Овие зборови Атије ги упатил во снимена порака која беше емитувана на конгресот кој се одржува од вторникот се одржува во Газа под наслов Прв меѓународен научен конгрес: Причини за окупацијата и фактори за победата.

Атије истакнал дека иднината на регионот е цо мирот, и покрај сите настани кои моментално потресуваат овој регион, истакнувајќи ја нужноста од заедничко арапско дејствување како би се влијаело на меѓународната заедница да изврши притисок на израелската страна да ја прекине окуопацијата на палестинските територии.

Атије отценил дека окончувањето на израелската окупација на Палестина е морална, политичка и човечка обврска на целиот свет, и со ваквата постапка, истакнал тој Израел ја предизвикува вољата на целиот свет.

Палестинското прашање  помкина низ различни етапи во кои е покажана немоќта на меѓународната заедница, истакнувајќи дека светот денес ја преживува кризата на меѓународниот легалитет и двојните стандарди.

Арапските земји кон крајот на минатата година на Советот за безбедност на ОН му упати предлог резолуција со која се бара до крајот на 2017 година да заврши окупацијата на ОПалестина, ама САД на оваа резолуција вложија вето и таквата понудена резолуција не помина.

Извор:IslamBosna.ba

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here