POD OPSADOM: Liban je naredni cilj Islamske države

БЕЈРУТ- Борците на Исламската држава планираат да го нападнат Либан и таму да прогласат “Исламски емират“, наведуваат либанските медии.
Според сознанијата на либанската разуанувачка служба, ИД подготвува прогласување на “ Исламски калифат“ на територијата на Либан и тоа за наскоро време. Овие извори наведуваат дека во Бејрут веќе е организирана поголема група на џихадисти  кои ќе ја соборат власта во ова земја и прогласат дел од Илсмаката држава, која засега ја опфаќа територијата на Сирија, Ирак и Либија.

Како се наведува понатаму, борци на Исламската држава побарале од северните единици на ова група подршка во инвазијата на северен Либан. Со ова операција ќе раководи Абу Муса Халус кој го предводел силовитиот напредок на џихадистите во северно сириската покраина Рака.

Шефот на либанскиот Генералштаб, генерал-мајор Ибрахим Абас, во јануари ја подигна воената готовност на високо ниво и ги објави податоците дека бројот на џихадистите на нивната северна граница се зголемува од ден на ден и дека веќе започнало и звецкањето на оружјето со граничарите. Тој додал дека засега изврпени се повеќе успешни операции против џихадистите кои се приближуваат кон нивната граница.

Паралелно со војската и христијанското население во Либан се вооружува и подготвува да ја брани својата земја и своите животи.

“Војната во Сирија кој беснее и во соседството, ни донесе многу невољи. Многу сомнителни ликови поминуваат одовде и во секој момент се во опрез. Мораме да ја браниме својата земја од припадниците на Исламската држава и Нусра фронтот (огранок на Ал-Каеда), изјавил Абу Тони, припадник на локалната територијална одбрана на северот на Либан.

 

Izvor: Pravda

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here