И покрај потпишаното примирје помеѓу Украина и проруските сепаратисти, Кијев изрази стравување дека бунтовниците би можеле да покренат нова офанзива која има за цел завземање на Мариупољ.
Сепаратистите наводно натрупуваат свои трупи во околината на овој пристанишен град во кој е стационирана и воената единица „Азов“, позната по големиот број на странски војници, меѓу кои се наоѓаат и хрватски државјани.
Освојувањето на Мариупољ би овозможило директна компена врска на Кримскиот полуостров со Русија.
Украинскиот премиер Арсенија Јацењук во саботата изјавил дека прекинот на огнот не се почитува.
-Нема прекинување на огнот, заради тоа доколку има, тоа би значело дека никој не пука- изјавил Јацењук.
Портпаролот на украинската војска, полковникот Андриј Лисенко, тврди дека Русите во текот на овој викенд испратија и зајакнување во околината на Мариупољ. Во еден од воените конвои ималу дури 60 оклопни возила, вклучувајќи и тенкови, а друг конвој транспортирал и воена опрема на бунтовниците во Новоазовск, источно од Мариупољ.
Извор: (Jutarnji.hr)









