
Мутејба Зулнур, висок представник на револуционерната гарда на Иран, истакнал дека Иран ќе го уништи Тел Авив ако Израел спроведе напади на Иранска територија.
„Ако ционистичкиот режим направи една грешка, за помалку од десет минути ќе го уништиме Тел Авив“ рекол Зулнур.
Тој на новинарите во Иран и зброувал за неодамнешната изјава на Израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман во врска можностите од напади на Иранските нуклеарни постројки.
Притоа, тој исто така додал дека Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беспотребно зборува за наводни напади на нуклеарните постројки на Иран.
Тој исто така на Либерман му порачал дека Израел ја нема потребната воена сила за да победува во војни.
“Ако ционистичкиот режим ведрува дека ќе ја добие војната, тие за тоа немаат сила и едноставно самите себе си се лажат. Тие само се обидуваат да шират страв, ама ништо конкретно не можат да направат. Ционистичкиот режим сака да ја испроба својата шанса и ако изведе ракетен напад на Иран, пред прашината и чадот на ракетата пред да падне на наша територија, нашите ракети за 6-7 минути ќе го погодат срцето на Тел Авив и уништи ционистилчкиот режим“, изјавил овој ирански представник.
Покрај тоа, тој надополнил дека ционистите се големи кукавици, кои како што рече не можеа да го победат дури ни Хамас.
“Не можеа да излезат на крај ниту со Хамас. Силата на Хамас и Хезболах представува само мал дел на воената сила нА Иран. Ционистите кои не можат да излезат на крај со Исламскиот отпор, испраќаат вакви изјави како би го поправиле моралот на локалните жители“, , истакнал Зулнур.
Либерман за израелскиот Канал-2 го критикувал премиерот Нетанјаху дека само зборува за нуклеарните активности на Иран и истакнал“ ако мислиш да нападниш, тогаш направи го тоа, немој само да зборуваш“.
(Anadolu Agency)









