Представници на еврејската организација Neturei Karta дека ционистите се причина за пораст на антисемитизмот.
Организацијата Neturei Karta позната е по учеството на протестите на подршка на Палестинците. Евреите противници на ционизмот реагирале на повикот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој беше упатен кон Евреите во Европа да се преселат во Израел.
Тие по тој повод испратија писмо на лидерите на Франција и Данска во врска со нападите на Евреите во текот на послените денови пренесува агенцијата Анадолија.
Представници на еврејската организација Neturei Karta од Њујорк, која е позната по учеството на протестите во знак на подршка на Палестинците испратија писмо до францускиот претседател Франсоа Холанд и данската премиерка Хеле Торнинг Шмидт.
Во писмото е наведено како Нетанјаху уште еднаш ги повика европските Евреи да се преселат во Израел и така уште еднаш себе да се прикаже како “заштитник на еврејскиот свет“.
Населување на палестинските територии.
“Ционистите себе си се сметаат за заштитници на Евреите, ама сепак тие за нив представуваат голема опасност, како и прилина за пораст на антисемитизмот. Ционистичкиот проект за населување на палестинските територии представува омраза спрема Евреите. Палестинците и понатаму ќе бидат жртви на арогантните и страшни изјави на Нетанјаху и таквите изјави ќе допринесат за уште поголемо ниво на антисемитизам во светот“, наведено е во писмото.
“Израелскиот премиер после нападите на весникот Шарли Ебдо во Париз и еден еврејски маркет, каде беа убиени 17 особи, ги повика сите европски Евреи да се преселат во Израел.
После последните напади на културниот центар и син агога, Нетанјаху изјави дека Израел евреите ги чека со раширени раце.
Дубаи Портал.
