Советот за Заливска соработка ги отфрли обвиненијата на сметка на Катар кој египетскиот представник ги изјавил, обвинувајќи го Катар дека го подржува тероризмот.
Фенералниот секретар на Советот во своето официјално соопштение истакна дека “ советот ги отфрла обвиненијата кои ги изрекол постојаниот египетски застапник во Арапската лига упатени кон државата Катар дека го подржува тероризмот“. Тие обвиненија, Генералниот секретар на Советот ги опиша како “лажни обвиненија, лишени од секаков вид на вистина и обвиненија кои го занемаруваат значителниот труд и улогата на Државата Катар, заедно со останатите земји на Заливот како и останатите арапски земји во борбата против тероризмот на сите нивоа“.
Генералниот секретар на Советот, исто така отцени дека ваквите изјави на Египет не допринесуваат кон зајакнување на меѓуарапската соработка во време во кое арапскиот свет е излоќен на бројни безбедносни предизвици.
Советот за заливска соработка ги опфаќа шест земји : Саудиска Арабија, Емиратите, Кувајт, Катар, Оман и Бахреин.
Катар во средата навечер го повлече својот амбасадор од Каиро на консултации, после инцидентот на заседанието на Арапската лига, посветено на египетските напади на положбите на Исламската држава во Либија. Како што изјави официјалната катарска новинска агенција, повлекувањето на амбасадорот уследи откако постојаниот застапник на Египет во Арапската Лига го обвини Катар дека го подржува тероризмот.
Суштината на вербалните судири на Египет и Катар се состои во еден од членовите на соопштението на Арапската лига во врска кого Катар беше воздржан, а со кого беше дефинирано правото на Египет “ да во поглед на заштитата на своите легитимни права изведе напади на положбите на терористичката организација“.
На ваквата воздржаност на Катар реагирал представникот на Египет Тарик Адил како постојан застапник во Арапската Лига, каде што истакнал: “ Врз основа нашето толкување на ваквиот став на Катар, ние во Египет сметаме дека ова представува откривање на ставот за подршка на тероризмот“.
Министерството за надворешни работи на Катар во своето официјално соопштение истакна: “ Катар ги осудува ваквите непримерни изјави кои ја мешаат нужноста на борбата против тероризмот и убивањето и ранување на недолжни цивили“
Ваквата реакција на заливските земји на обвиненијата на Египет представува прва со која се искажува подршка на Катар, кој од времето на воениот пуч во Египет беше една од главните цели на египетскаѕа надворешна политика. Египет го обвинува Катар за овозможување на засолниште за бројните лидери на движењето на Муслиманските браќа, затсна на страната на “терористите“. Затегнатите односи на Египет и Катар во минатото резултираа со повлекување на амбасадорот на Саудиска Арабија, Бахреин и Емиратите од Катар, ама со доаѓање на новиот саудиски крал, политичкиот курс на заливските земји полека се менува.
islambosna.ba










