Катар го отповика својот амбасадор во Египет “ на консултации“ после караницата заради египетските воздушни удари на групата Исламска држава Ирак и Левант (ИСИЛ) во Либија, пренесуваат катарските државни медиуми.

катар амбасадор

Представник на Министерството за надворешни работи наведил дека Доха го отповикува својот представник во Каиро заради изјавата на египетскиот делегат во Арапската  лига Тарик Адел , јавува Катарската новинска агенција.

Адел го обвинил Катар дека го подржува тероризмот, а тоа го пренеле египетските медиуми, откако представникот на Доха (Катар) се воздржал заради клаузулата во комункето со кое се поздравуваат воздушните удари на Каиро на ИСИЛ.

Комуникето е објавено на крајот на саостанокот на Арапската лига, на амбасадорско ниво, во египетската престолнина

Египет објави дека неговите борбени авиони Ф-16 го бомбардирале ликациите на ИСИЛ во источниот дел на либискиот град Дерна во вторникот откако припадници на ова вооружена група објави на интернет страотна видеоснимка на отсекување на глава на 21 годишен египетски Копт кои во Либија барале работа пред да бидат зараобени.

Потреба за консултации

Во одвоено соопштение, Министерството за надворешни работи од Доха изразија резерва заради воздушните напади, истакнувајќи ја потребата за “консултации пред било какви еднострани воени акции против друга држава членка“

Исто така Министерството го  отфрли ова “ напнато“ соопштение на египетскиот представник во Арапската лига, изјавувајќи дека “ ја меша потребата за борба против тероризмот  со бруталните убиства и палење на цивили“.

Овој судир доаѓа во време на смирување на напнатите односи помеѓу двете држави. Критичен момент се случи кога Мохаммед Мурс беше соборен од египетската војска од местото прфетседател во јули 2013 година.

Катар во повеќе наврати го отфрлуваше (негодуваше) на одстранување на Мурси како претседател, како и тоа дека Катар сеуште им дава засолниште на Муслиманските браќа.

Меѓутоа, во декември се случи смирување на односите откако Катар му даде целосна подршка на Абдел Фатах ал-Сиси, воен лидер кој го собори Мурси, а потоа на “демократските“ избори да биде избран за претседател.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here