Американскиот претседател Барак Обама во средата изјавил дека бројни американски муслимани живеат во страв откако пред една недела беа убиени тројца муслимани студенти во Кејп Хил, на југоистокот на САД.
“Сеуште не знаеме зошто се убиени тројцата млади, ама знаеме дека бројни Американци муслимани ширум нашата земја се загрижени и стравуваат“, пишува Обама во текстот објавен од вториот ден на самитот против екстремистичкото насилство на кој учествуваар 60 земји.

“Американците од сите религии и потекло мора да останат соединети со заедницата во жалост и да инсистираат да никој не би смеел да биде цел на основа тоа што е – својот изглед и својата вера“, додал амаериканскиот претседател во текстот објавен во Лос Анџелес Тајмс. Повеќе илјади луѓе учествувале во четвртокот на нивните погреби (џеназе).

“Еволуција на закани“

Полицијата сеуште не утврдила дали се убиени заради религијата или нешто друго.

Наводниот починител на оваа тројно злосторство  на Craig Stephen Hicks (46) се предал на полицијата после овој злостор.

“ САД направија значителни поместувања против тероризмот. Ние ги десткувавме темелите на Ал-Каеда, ја зајакнавме безбедноста на татковината и работиме на превенцијата на големите напади како од оној од 11 септември 2001 година“, се наведува во извадокот.

“Од 11.септември 2001 година терористите убиваа американски граѓани во странство, вклучувајќи ги и нападите во Бенгази во Либија. Овде во САД, американските граѓани се убиени во воена база на Ft. Hood во Тексас и на маратонот во Бостон“, додава Обама.

Целта на САД е да се спречат луѓето ширум светот во радикалното користење на насилството, како и во соучеството  во предизвукувањето на тероризмот “мора да бидеме обединети во странство и дома“

“Мора да се спротивставиме на насилните екстремисти-пропагандисти, регрутери и оние кои тоа им го овозможуваат-кои не мораат да бидат вклучени во терористичките активности, ама кои радикализираат, регрутираат и наговараат да другите го прават тоа“, наведил покрај останатото, американскиот претседател.

Обама отценил дека грипуте како Ал-Каеда и Исламската држава Ирак и Левант промовираат испревртеност на религијата, што повеќето муслимани во светот ги отфрлаат, односно не се согласуваат со ваквите терористички организации.

Покрај тоа тој во продолжение надополнил дека светот мора да ги зајакне тие гласови, гласови на муслиманските верски представници и научници кои ја проучуваат мирољубивата природа на исламот.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here