Откако Исламската држава се прошири во Либија и го зазеде приморскиот град Сирт, југот на Европа се најде под голема опасност.
Освен бродови со имигранти, Европа наскоро би можела да очекува и бродови со “исламски терористи“, особено доколку Исламската држава успее да ги зацврсти своите упоришта на брегот на Либија. Засега тие го контролираат градот Сирт, крајбрежен град и роден град на Моамер Гадафи.
На новата закана за Европа предупредил амбасадорот на Египет во Велика Британија, Насер Камел, и тоа после минатиот викенд кога од средоземното море беа спасени 2164 имигранти.
“Дали знаете колку Сирт е оддалечен од Италија? Само 300 километри. Доколку нешто не превземене, сите ние во наредните недели можеме да очекуваме и бродови со терористи“. истакнал Камел а пренесува Дејли Мејл. Исто така и Италија предупредила дека очекува егзодус од имигранти со зголемен ризик дека на ист начин би можеле да дојдат и борци на ИСИЛ. Освен тоа, во Италија тврдат дека околу 600.илјади луѓе од Либија се подготвуваат преку Средоземното море да преминат во ова земја, од кои дури 200.илјади веќе се наоѓаат во пет кампови покрај брегот.
Стравот од Исламската држава, која Италија ја нацрта на својот “Халифат“ а сега ги контролира и точките во Северна Африка од кои лесно може да дојде до јужна Европа, станува се поголем на стариот континент. Ангелино Алфано, италијански министер за внатрешни работи, истакнал дека милитантите не смеат да напредуваат на брзина, одноисно побргу од донесувањето на одлуките на меѓународната заедница, а заради фактот дека тие веќе успеале да се прошират и на Либија, Италија е во опасност од “егзодус без преседан“. заклулчил тој.
Додека Европа со страв гледа спрема северот на Африка, пропагандата на Исламаката држава објави ново видео во кое се гледа нова флота на луксузни теренски возила на кои милитантите се возат со препознатливите црни знамиња. Парадата е одржана во либискиот град Бенгази, а на снимката се гледа како децата и минувачите им салутираат и поздравуваата на џихадистите. Видеото го објавила групата Ансар-Схариа која им се придружила на ИСИС.










