erdogan-dan-ilk-tweet-5284666
Турција во последен момент одлучи да го одлижи претходно договорениот состанок со пратениците на Европскиот парлемент на кој требало да се рзаговара за тоа како да се забрза процесот на европските интеграции кои со години практично за Турција стојат во место.

Во Анкара ваквата одлука е објаснета како “презафатеност на турските пратеници“. Причините, очигледно можат да бидат подлабоки. Во прашање се нови несогласувања кои ги оптоваруваат односите на Брисел и Анкара. Тоа всушност е одговор на најновиот извештај на Европскиот парламент во кој се изречени тепки зборови заради нивиот развој во Турција кој не соодвествува со европските стандарди.

“Однесувањето на Турција (одлагањето на состанокот) е несватливо. Тој потег е повлечен во знак на протест заради критиките кои се изречени во Европскиот парламент а се однесуваат на кршење на слободата на медиумите и тензиите во Кипар“, истакна еден известувачите на ЕП.

Во Европскиот парламент од Анкара исто така се бара да се нормализираат односите со Ерменија, т.е да го признае геноцидот кој е извршен за време на распаѓањето на Османлиското царство. Во Турција тое е “црвена линија“ под која никој не сака да чекори.

“Во Анкара времето е студено, по се изгледа студена е и политичката клима. Ама ние мора да ги одржиме отворени каналите за дијалог“, предупреди лидерот на пратеничката група на социјалистите и демократите на Евро Парламентот Ханс Свобода ( Австрија) , пренесуваат медиумите во Истанбул.

Неспоразумот помеѓу ЕУ и Турција, која во 2005 година ги започна пристапните преговори, продолжуваат, и може да се каже дека се повеќе се заоструваат. Поготово после немилосрдните пресметки на полицијата сои демонстрантите на Таксим во Истанбул и недоамнешното пасење на група на познати новинари кои се осумничени дека ја подржуваат паралелната структура“ на влијателниот верски проповедник Фетулах Ѓулен, кој неодамна се обиде да ја собори сегашната влада.

“ Тоа е во спротивност со вредностите и стандардите кои се предуслов за влегување на Турција во ЕУ. Ние бараме од Анкара да ги почитува слободата на медиумите и да спроведе демократски реформи“, предупредија од Европската комисија, реагурајќи на неодамнешното апсење на новинари.

Во Анкара како започна да се губи стрплението што се потврдува со одложувањето на состанокот на парламентарците.

„Ако продолжиме со ова темпо, ние ќе станеме полноправни членки во ЕУ дури во 22 век. Ако и дотогаш успееме“, саркастично изјавил еден турски пратеник, коментирајќи ги најновиде судири на релацијата Анкара – Брисел.

Престедателот Ердоган, на кого дипломатскиот јазик никогаш не му бил силна страна, повеќе не избира зборови.

“Вие треба да си ги гледате вашите работи… Ве молам задржете ја таа мудрост за себе. Повеќе не не загрижува дали ќе не примите како членка во ЕУ или не“, изјавил то, критикувајќи го брисел заради прогонот на новинарите.

Турција пристапните преговори со ЕУ ги отвори на 3.октомври 2005 година, ама сеуште не се оддалечила ниту малку од почетокот. Заради противеењето на Република Кипар, Франција и Германија, 17 поглавја се блокирани, 14 сеуште не се најдоа на дневниот ред, додека во овој момент преговори се водат само за четири. Во тој период Хрватска стана полноправен член на евсропското семејство.

Евроентузијазмот приметно-занчително спласна помеѓу граѓаните и меѓу политичарите. Меѓутоа во Анкара сеуште не дигнаа раце од ЕУ, иако во последно време може да се слушне дилемата: дали ЕУ воопшто е подготвена да ја прими Турција како полноправен член.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here