Русија секоја година троши околу 27 милијарди долари на купување на машинерија и опрема од странство. Турските машинци изјавиле дека се подготвени да ја прошират соработката со Русија. Турција долго време била една од најдобрите економски партнери на Русија.. Русија и Турција имаат многу повеќе проекти во обвласта на нуклеарната енергија. Турските градежни компании веќе долго време се активни на рускиот пазар, како во Москва, така и во останатите региони.
Турција исто така го разгледува и предлогот да се придружи кон Евроазиската унија, и покрак противеењето на НАТО. Бизнисот е бизнис, а војската е војска.
“Конститутивните документи на Северноатлантскиот сојуз не ја ограничува економската соработка на своите членки и сојузници со другите држави на кои им се водеден санкции“, истакнал Игор Шмит, консултант на Јавната комора на Руската федерација. Правните документи на НАТО формирани се уште пред многу години, кога не можела да се предвиде ситуацијата која настана денес. Исто така, никој не може да и забрани на Турција да соработува со Русија на економски план. НАТО регулациите ретко се менуваат, а и ако се менуваат, тоа трае многу долго.“
“Она што посебно ја издвојува Турција како партнер на НАТО е фактот што таа не воведе санкции кон Русија како останатите држави на Западот. Во стварност, Турција го понуди проширувањето на соработката со Русија, вклучувајќи ги секторите за гас и енергија“, истакнал Виктор Мураковски, член на Воено-индустриската комисија на Руската федерација.“ Навистина, сакаме да соработуваме со Турција по прашањето на различните видови на индустриска опрема. А Турција веќе се покажа како поуздан партнер“.
Русија не ја загуби деловната привлечност и покрај санкциите.
Сепак, стручњаците веруваат дека Рсија не би требало да биде премногу врзана за Кина и Турција. Има и други можни произведувачи како Јужна Кореја, Тајван, и Бразил.
“Сакам да кажам дека она што Обама и Запдот го зборуваат за Руската економија и нејзината изолација не е точно“, истакнал шефот на Секторот за регионални и безбедносни прашања. “Денес бизнисмените и државите кои ги подржуваат бизнисмените се пофлексибилни. Турција е очигледен пример. Во таа смисла, Турција е одличен партнер за Русија“
Турција има свои економски интереси кои немаат врска со политичките настани. И покрај тоа што Турција е членка на НАТО и што традиционално води како членка на западниот блок, таа е независна држава и делува во рамките на своите национални интереси, додал Сергеј Јермаков.
Турските бизнисмени кои често ја посетуваат Русија велат дека Русија може да купи опрема за било кот тип на производство во Турција.
Од таа причина, активностите на Асоцијацијата на извозници на машини и опрема, која е воспоставена во Турција во 2002 година прво битно биле насочени на блиска соработка со министерството за економија на Руската Федерација. Тоа е една турска асоцијација на извозници на делови за машини која се состои од повеќе од 8.000 турски извозници.
Германски квалитет на турските призводи.
Турскиот извоз на машинерија во 2013 година изнесувал 5,5 милијарди долари. Истата година, Германија купила турска опрема вредна 2,2, милијарди долари. Со други зборови, Турција извезува 16,7% машинерија и опрема во Германија. Непотребно е да се каже дека Германија е лидер во меѓународниот признат квалитет во полето на механичкиот инжинеринг во Европската унија.
Денес турските машини и опрема се продаваат во повеќе од 200 држави., Турција воспостави бренд на произведувач на високо квалитетна опрема на светскиот пазар. Сепак 60% од турскиот извоз на машини оди во ЕУ и САД. Долг е патот кон соработката со Русија.
Турците ветуваат флексибилност во наплатата, особено заради моменталната вредност на рубљата. Од друга страна, турските компани кои работаат во Русија веќе ги спуштија цените за руските муштерии.
Се наведува дека централната банка на Русија и Турција работаат на тоа трговијата да се извршува во националните валути. Инаку, водечките турски банки погодени се од санкциите на западот против Русија.
“Економските односи помеѓу Русија и Турција се во развој во миниатите 20 години. Денес тие се во нагорна линија“, наведува Сергеј Марков, дкиректор на Институтот за политички студии. “Важно да структурите на руската и турската економија не се компетитивни, туку комплементарни. Она што е развиено во Русија, не е баш толку и така развиено во Турција и обратно“.







