Премиерот Ахмет Давутоглу денес изјави дека Турција и неговата Ак Партија секогаш ќе го подигнува својот глас против исламофобијата.
Неговите остри коментари уследија после убиствата на тројцата американски муслимани во сојузната држава Северна Каролина. Многумина отценија дека злосторството на нивниот комшија бил потикнат од омраза.
“Секогаш ќе збиоруваме во име на нашиот брат и нашите две сестри ( убиените во споменатиот напад) од Соединетите Американски Држави“, истакнал Давутоглу на конгресот на АК Партијата одржана во провинцијата Сивас. “ Аллах нека ми е сведок, нека човештвото и сите шехиди не ни халалат и опростат, доколку останеме неми пред ваквите злосторства , масакри и угнетувања“
Давутоглу осумничениот напаѓач , 46-годишниот Крег Стефен Хикс го нарекол “расистилки убиец“. Исто така Турскиот претседател бил остар во својот говори и спрема меѓународната јавност, која го премолчи убиството на тројцата муслимани.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во предавањето на Институтот Мариас Ромеро во Мексико, еден ден претходно го повика американскиот претседател Барак Обама, потпреседателот Џо Бајден и државниот секретат Џон Кери да зазвемат цврст став против убиецот и јавно да го осудат овој злочин.
Фередалното Биро за истрага (ФБИ) во четвроткот навечер соопшти дека покренале “прелиминарна истрага како би утврдиле дали се прекршени федералните закони во овој случај“
Давутоглу исто така го обвинил и лидерот на главната турска опозицицка партија ЦХП, Кемал Киличдароглу, заради да ова влада ги затвори границите, додека Сиријците бегаат пред војната, барајќи засолниште во Турција.
“Каде беше кога твојот идеолошки брат (Башар ал Асад) ги убиваше нашите браќа и сестри Сиријци. Да имаше совест, немаше нашите браќа, кои од наш бараат спас од Сирија, да ги сметаш како странци“
(Aa)