КАИРО – Русија и Египет планираат трговските врски да ги воспостават по пат на употреба на Руската рубља и Египетската фунта во двете земји, јавува агенцијата Анадолија.

putin u egiptu ЗБОГОМ ДОЛАРИ: Русија и египат планирају да одобре коришћење рубље и лире у својим земљама

Со оглед дека доаѓа време на одмори, користењето на националните валути на Русија и Египет во друга земја се наоѓа во центарот на вниманието, изјавил за египетскиот весник ал-Ахрам рускиот претседател Владимир Путин пред заминувањето во службена посета на Египет.

Укажувајќи на тоа дека голем број на Руси одморот го поминуваат во Египет, Пустин смета дека користењето на руската валута во Египет, би им ја олеснело посетата.

“Ова иницијатива може да отвори нови трговски и инвестициски хоризонти со користењето на сопствените валути“, изјавил Путин и истакнал дека на таков начин многу лесно ќе можат да се поднесат промените на глобалниот пазар.

“На деловните луѓе би им било послесно да започнуваат билатералните контакти со користењето на националните валути“, нагласил Путин и потсетил дека Русија и со другите земји започна вакви односи.

Истакнувајќи дека искуството покажало дека купувањето е поефукасно доколку се користи националната валута, Путин рекол дека надлежните органи на двете земји започнале со истражување во врска примената на својата валута во друга земја.

Во рамките на својата дводневна посета на Египет рускиот претседател Владимир Путин ќе се состане со египетскиот “претседател“ Абдулфетах ес-Сиси.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here