Египетскиот суд вчера го одреди 24 фебруари како ден кога ќе се разгледува обвинението (тужба) според која се бара  Турција да се означи како “држава која го подржува тероризмот“, наведуваат судски извори.

erdogan-predsjednik1

“Судот за итни прашања во приморскиот град Александрија закажа прво рочиште за 24 фебруари по повод овој случај“, изјавил извор за агенцијата Анадолија  под наслов да остане анонимен.

Извори исто така додаваат дека адвокат по име Тарек Махмуд поднел тужба до судот. Тој понатаму наведува дека Махмуд тврди во својот случај дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го подржувал движењето Муслимански браќа и го критикувал Египет после соборувањето од страна на војската исламиститчкиот претседател Мујаммед Мурси во јули 2013 година.

Братството, движење од кое потекнува Мурси, е прогласено за “ терористичка организација“ од страна на египетската влада во декември 2013 година.

Судски извори додаваат дека адвокатот Махмуд исто така тврди дека Турција е главен извор на оружје кое влегува во Египет во рацете на терористите.

“Турција има непријателски односи спрема Египет , откако станала рај за Муслиманските браќа кои се соочуваат со кривични пријави во Египет“, цитирал судски извор од накцеларијата на адвокатот Махмуд.

Тој исто така истакнал дека Турција во повеќе баврати била домаќин на неколку средби на меѓународната организација Муслимански браќа и дека таа е домаќин  на сателитските канали во сопственост на водачите на Муслиманските браќа.

Турската влада сеуште не ја коментирала  ваквата тужба.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here