– Турскиот министер за енергетика и природни ресурси Танер Јилдиз и претседателот на Управата на руската нафтена компанија Газпром Алексеј Милер со хеликоптер ја обиколија трасата по која би требало да проминет рутата “Турски ток“

erdogan putin

Јилдиз и Милер околу четири часа со хеликоптер летале разгледувајќи ја можната рута на гасоводот кој се протега од Истанбулскиот брег на Црното Море, па се до граничниот премин Испала, помеѓу Турција и Грција.

Во текот на летот двајцата функционери разменувале мислења за иградбата на новиот гаосвод “Турски ток“. Милер бил информиран и за изградбата на аеродромот во Истанбул, новиот мост на Босфор, како и местото каде би требало да се изгради складиштето за гас во Едирне.

Турскиот министер Јилдиз во изјава за АА истакнал дека ова е трет состанок со челникот на Газпром Милер и неговата делегација во врска со цените на рускиот гас.

-Јилдиз: “Турскиот ток“ важен за целиот регион-

“Порачавме, колку Турција е чувствителна по прашањето за реализацијата на овој проект, исто толку осетлив и по прашањето на цената на гасот“, истакнал Јилдиз.

Тој постетил дека турската и руската страна во последните два месеци одржале состаноци за изградба на гасоводот секои две недели. “ Истакнавме кои се нашите барања и на што тие се засниваат. Како што реков, не ставивме последна точка на се, ама моја желба е тоа да го заклучиме наредната недела. Зависи од руската делегација, можеби ќе успееме тоа да го завршиме и побргу.

Јилдиз додал дека “Турскиот ток“ е проект од голема важност не само за Турција, туку и за Русија, ама и за целиот регион.

Претседателот на Управата на Газпром Алексеј Милер истакнал дека првиот дел од гасоводот ќе биде капацитет од 16 милијарди кубни метри плин, кој ќе го троши Турција. Во изјава за АА, представникот на Газпром истакнал дека е планирано гасоводот “Турски ток“, кој ќе биде составен од четири делови, да започен да се гради во градот Лулебургаз, па до граничниот премин Испала, помеѓу Турција и Грција. Останатите три делови од гасоводот ќе носат 47 милијарди кубни метри гас.

-Првите кубици на гас стартуваат во декември  2016 година.

Тој додал дека сеуште не е одреден датум за потпишување на договорот помеѓу Турција и Русија за почетокот на изградбата на гасоводот, ама како изјавил, откако се ќе се конкретизира, пвите кубици на гас би требало да потечат во декември 2016. година.

Да потсетиме, дека изградбата на гасоводот преку Црното море најавен е на 1 декември минатата година, во текот на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Турција. Овој гасовод ќе го замени порано планираниот „Јужен ток„ чија изградба руската влада одлучи да го прекине.

Путин во текот на посетата на Анкара ја потврди одлуката за откажување на изградбата околу “Јужниот ток“, а како што истакнал, не било прифатливо изградбата на гасоводот да биде прекината во Бугарија заради блокадата на Европската унија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here