Според наводите на локалните медиуми, претходно пред зградата на општината се наоѓале знамиња на ЕУ и Грција како и знамето со амблемот на општината.
Се наведува дека градоначалникот на општината Патра Костас Петелидис, од редовите на Комунистичката партија на Грција, доволи знамето на ЕУ да се тргне , и да се постави знамето со обележје на општината.
“Симбол на омраза“
Портапролот на општината Патра Андреас Антонопулос за локалните медии истакнал дека знамето на ЕУ, за тамошните жители претставува симбол на омраза.
“Знамето на ЕУ за нашиот народ претставува симбол на омраза“, истакнал Антонопулос.
Тој додал дека политиката на ЕУ и наштетува на жителите на Патра.
“Политиките на ЕУ не се добри за граѓаните. . Политиките на Европската Унија, кои економијата ја прилагодуваат на слободниот пазар, граѓаните ги води во сиримаштија и невработеност“, истакнал, портпаролот на општината Патра.
Инаку, на неодамнешните одржани избори во Грција победи ултралевичарската партија Сириза чии челници веднаш после објавувањето на победата порачаа дека очекуваат ЕУ и меѓународните кредитори да им отпишат дел од долговите.
Портпаролот на Сириза, задолжен за економски прашања Еуклид Цакалотас пред неколку денови изјавил дека е нереално да се оечкува да Грција во целост ги отплати долговите.










