После разговорите со италијанскиот премиер, Алексис Ципрас изјавил: “Наместо да ни помогнат да створиме ефикасен даночен систем, “тројката“ го растути и оној кој го имавме и го донесе до паѓање на сите наши индекси на сите берзи. Со тоа се подтикна бегство на капиталот од Грција и Грците, и тоа се претвори во социјална драма во целата земја.

Ципрас1

Грчкиот премиер Алексис Ципрас потврдил дека неговата влада бара укинување на “механизмот на тројка“ доверители кои ја сочинуваат Еврокомисијата, Европската централна Банка и ММФ.

После разговорите со италијанскиот колега Матео Ренци, Ципрас истакнал:

“Нашата цел е да предложиме нови идеи и ново гледиште на решението на проблемот кој би ги задоволил сите“

Тој исто така ја обвинил “тројката“ дека на Грција само и правеле проблеми и подвлекол: “Наместо да ни помогнат да создадеме ефикасен даночен систем, “тројката“ го растури и она што го имавме. И со тоа овозможи сиот капитал да си замине од Грција и Грците.

Ренци го изнел убедувањето дека постојат услови да се дојде до заклучок на договор помеѓу Грција и ЕУзаради тоа што “постојат точки на согласност помеѓу Атина и европските институции“.

Ципрас и Ренци се договориле заедно да работаат на “менувањето на политиката на ЕУ“.

На крајот од преговорите, премиерите на Грција и Италија си размениле подароци. Ренци на грчкиот колега му подарил крават (Ципрас на преговорите дошол без кравата), а гостинот нему му подарил диск со грчка музика.

Ципрас овие денови треба да се сретне и со францускиот претседател Франсоа Оланд.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here