Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган вчера во изјава на собирот на бизнисмени во Истанбул изјавил: Јасно е дека лидерството на “паралелната држава“  е инструмент во рацете на другите страни. Прашањето за тоа не може да се избегне и искрените особи повеќе немаат оправдувања да останат после овој ден под тој покрив.“, притоа додавајќи: “Нека се срамат оние кои не ја гледаат врската помеѓу “паралелната држава“ и Мосад. Се е потполно јасно“

ердоган1

Претседателот Ердоган ги повика луѓето кои припаѓаат на ова движење, а не се во неговиот врв, да размислат заради што Турција превзема вакви чекори спрем“паралелната држава“, исто така повикувајќи ги искрените следбеници на ова движење, кои и посакуваат добро на Турција да се запрашаат со кого соработуваат и со кого се дружат.

Ердоган ја обвини “паралелната држава“ дека работи на уривање на моралните вредности на општеството, зради тоа што во своите активности користат облизи на лага, поткопувања и подвалување на Турција и Туската влада како и АК-Партијата. Тој исто така истакнал дека целта на “паралелната држава“ не бил тој лично, ниту неговото семејство, туку целта била целата Турска држава, нејзината национална безбедност и иднина.

Потсетуваме, Турција организацијата Хизмет на Фетулах Ѓулен ја окарактеризира како “паралелна држава“ која се инкорпорирала во разни структури на општетсвото, пред се во судството и полицијата, и на тој начин се обиде да ја загрози нзционалната безбедност на државата и урне владата.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here