Дубаи бележи се поголеми преминувања во Ислам.

0
222

Во Дубаи минатата година во ислам преминале 2.800 особи кои доаѓаат од 91 земја од светот, што претставува незапамтен сулучај во светот.

 

Од 2.800 особи кои преминале во ислам, повеќето се жени, дури 2.047, додека машки се 768, соопшти одделот за исламски прашања и хуманитарни активности во Дубаи.

“Дубаи станува светилник на мирот и религиозната умереност, ама и пример на коегзистенција и толеранција“, изјавил претседателот на Одделот Омар Ал Катееб.

Тој истакнал дека Дубаи на особите од другите вероисповеди им нуди посебни програми на кои им ги  објаснува начините и можностите како и зошто да преминат во ислам.

Тоа вклучува, печатени и електронски објави со фокусирање на исламската веросиповед и нејзината глобална порака.

Овие објави достапни се практично во сите згради во Дубаи, притоа вклучувајќи ги и големите шопинг центри.

Dubai Portal.com.mk

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here