Месна Самоуправа – Подгорци: Санирање на делови околу системот за водоснабдување.

0
226

Имајќи ги во предвид минатите поројни дождови, кои го зафатија планинскиот дел на нашата планина, во изминатиот временски период особено деловите низ кои се протега системот за водоснабдување на населба Подгорци, денес од страна на вработени и членови на Месната Самоуправа беше оддржана активност на санирање на ваквите критични делови низ кои се протега системот за водоснабдување (цефковод), како и нделовите кои со поронјите дождови отворија одредени оштетувања на патниот правец кој се протега во делот од Тишкинец кон Бачило.

Ваквата активност ја изведовме успешно, се надеваме дека на некој начин се заштитија деловите кои можеа да ја загрозат безбедноста во снабдувањето со вода на населба подгорци, како и тоа дека се санираа делови од патот кои привремено ќе обезбедат непречено движење до Подгоречките Бачила.

Ваквите активности ќе продолжат и понатаму доколку дојде до појава на било какви оштетени делови од планинскиот предел каде се протега системот за водоснабдување (цефковод), и појава од било какво друго попречување на движењето на било кој дел од патниот правец од населба Подгорци, па се до Подгоречки Бачила- ни изјави г-дин Касим Адемоски член на Месна Самоуправа Подгорци.

Дубаи Портал.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here