Приватната фирма Бургер Кинг, која има ланец на ресторани за брза храна во Обединетите Арапски Емирати, вечерва во сите емирати на ова држава на сите посетители им приредил изненадување со понуда на 10.000 бесплатни ифтари на сите граѓани кои биле на територијата на :ДУБАИ – (Sheikh Zayed Road, Al Qouz, Karama, Festival City and Rigga), Абу Даби-(In Abu Dhabi, Hamdan and Jazeera branches will offer the meal. Burger Kings in Sharjah, Ajman, Fujairah, Ras Al Khaimah and Al Ain).
Според сопственикот на оваа компанија, засега се поминало според предвидениот план, и истата акција планираат да ја направат и наредната година, а пред се основната цел била и да им се олесни на странците кои работаат во ОАЕ, со еден мал оброк, како и на странските туристи, да ја спознаат вредноста на овој месец мубарек.
Инаку колку за информација, вакви акции во овој месец рамазан во емиратите има речиси секоја недела, а нивната сеопфатеност на бесплатни ифтари е различна односно се движи од 5.000 до 25.000 бесплатни оброци, во зависност од територијата каде тие се лоцирани.
Извор:http://www.futureofdubai.com










