Како и секоја година, да се биде во мубарек месец Рамазан во Дубаи или останатите делови на емиратите, изгледа нешто посебно, што навистина треба да се доживее за да се почувствува онака како што треба.
За сето тоа како треба да изгледа, сите владетели на останатите седум емирати имаа посебни организации кои се грижат за организирање на бесплатни ифтари за странците и работниците кои работаат во Обединетите Арапски Емирати.
Она што се однесува за Дубаи, шеикот Мухаммед бин Рашид ал-Мактум, секогаш се грижи странците особено работниците да го поминат онакако како што навистина доликува, односно истиот да се испости без дополнително работниците да бидат оптеретени со обезбедување на ифтар.
Имено, во периодот на месец Рамазан , Општина Дубаи одредува посебни локации на заеднички ифтари кои воглавном се бесплатни и истите финансираат од страна на шеикот на Дубаи Мохаммед Бин-Рашид Ал-Мактоум. Тоа значи дека се обезбедуваа соодветна храна, сок и вода и останати продукти кои секојдневно се менуваат во менито за јадење.
Покрај тоа за сите вработени во одредени институции особено оние чии активности се извршуваат надвор како од видот на градежните постори редуцирање на времетраењето на работното време.
За таа цел постојат посебни организации кои располагаат со голем број на вработени кои помагаат во реализацијата на оваа активност- ифтар.
За оние кои сакаат сами да си приготват сопствен ифтар и суфур, во текот на овој месец, по наредба на владетелите на емиратите, постојат посебни Рамазански Маркети со цени кои одат од 30-70% намаление така да секој да може да го почувствива благодетот на мубарек месец Рамазан и во ниту едн случај не смее да дојде до зголемување на цените или пак било каква злоупотреба затоа што според законите на Емиратите следуваат строги казни и затварање на таквите продавници.
На крајот на месец Рамазан, со посетата на секој посетител на Палатата на шеикот Мухаммед Бин-Рашид Ал-Мактоум, за време на празникот Бајрам добива по 10 долари.
Покрај тоа во текот на 30-те денови се организираат и голем број на хуманитарни активности на одредени исламски организации кои донираат одредени средства за сиромашните жители на одредени земји, надвор од емиратите.
За тоа како се организира и како изгледа еден месец мубарек Рамазан, иншала наскоро ќе пишуваме малку повеќе, меѓутоа овој пат ви представуваме неколку фотографи од тоа како изгледа мубаре Рамазан во Дубаи, односно тие се однесуваат само на бесплатните заднички 30 дневни ифтари, а за останатите детали иншала во некој од нередните постови.

Дубаи Портал.











