ДУБАИ: Започна изградбата на првиот светски парк на тема од Кур`ан.

0
202

Во Дубаи во тек се работите на изградба на првиот светски парк во кој место ќе завземаат сите били-растенија споменати во Кур`анот! Паркот на Чесниот Кур`ан ќе се простира на 64 хектари површина и ќе опфажа 13 големи градини.

Комплексот ќе вклучува и игралишта за деца, надворешен татар, фонтани, “ Умра“ подрачје , пустинска градина, оаза со палми, езеро, патека за трчање и шетање, велосипедска патека, како и 100 метра долг тунел во кој ќе бидат сместени платформи каде ќе се прикажуваат чудата од Кур`анот. Голем стакленик ќе биде престојувалиште за 15 растенија кои бараат посебна нега и климатски услови.
Проектот на овој тематски парк ќе чини 7,3 милиони долари (26 милиони дирхеми), а неговата цел ќе биде едукација на јавноста во врска Кур`анот и неговите чуда и пораки, а сето тоа со следење на аудио и визуелни ефекти.

“Паркот на Чесниот Кур`ан представува еден од најпрестижните проекти на нашето цивилно општество. Луѓето од целиот свет, не само од ОАЕ едвај чекаат да го посетат“, изјави Хусеин Насер Лутах, генералниот директор на Општината Дубаи.“ Паркот посебно е дизајниран во склад со исламскиот поглед на светот како би се представиле чудата на Кур`анот низ изненадувања за посетителите“

Преку 50 растителни видови се споменати во Кур`анот. Организаторите успеале да соберат 51, додека недостасуваат само три.

“Во Кур`анот се споменати 54 растенија, вклучувајчи ги:смоквите,нар,маслинките,пченката,праз,лук,леќа,јаќмен,пченица
,џумбир,тиква,лубеница,тамаринд,цедар,банани,краставици и босилок“, вели Мухамед Нур Мешрун, директор на одделот за општи проекти во Општина Дубаи.

Во март е посадено првото растение, и тоа 30 стебла на благословена маслинка.

Паркот е планирано да се отвори во септември 2015 година.

Извор: The National

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here