Торбешкиот Олимп – Рестелица – Дек(A)шер колумна за в торба

0
383

Торбешкиот Олимп Рестелица

 

            Ако Хелените го имаат Олипм, Турците  Османлии Арарат, Торбешите ја имаат Шара, Шар планина на која подобро би и пасирало името Цар планина. Навистина Шара ги има сите царски епитети. На Олипм се собирале митолошките “богови“ на старата Елада, на Арарат испловила Ноевата барка, бродот на Нух а.с., а се споменува дека токму на Арарат се сретнале и прататкото и прамајката на човечкот род хазрети Адем и Ава. Шара го нема тој митолошки-библиско-кур’ански  супстрат, но затоа го има царскиот елемент. Имено, познато е дека градот на цар Душан, Царот на Србите, Арбанасите и Грците а душманот на богомилите ( Патарените, добрите Бошњани, триклетите Бабуни, Торбешите) се наоѓал на падините на Шара близу до Призрен. Но помалку е познато дека еден друг Цар својот царски двор и престол го имал во срцето на Шара.

Станува збор за синот и  наследник на Цар Самоил, царот на еретичкото(богомилско) царство кое, патем да спомнам, не се викало ни Бугарско ни Македонско како што пишува во учебниците по историја, туку Склавинија. И не било христијанско туку “еретичко“- богомилско. Зачи станува збор за царот Гаврило Радомир чиј што царски двор и седиште на централната управа на Самоиловата Склавинија по Самоиловата смрт биле во шарските села Радомир, Вила и Калис до Шиштеец и Диканце. Тврдината  Дода Калеси  се наоѓала  близу до денешното село Калис.

Од таму тој царувал околу две години од смртта на неговиот татко Самоил се до свирепото и подло убиството од страна на неговиот братучед Јован Владислав кој царувал со дел од Бугарското царство во 1015 година. Заедно со него била убиена и неговата сопруга а ослепени нивните деца. Тоа е оној ист Јован кому Радомир му го спасил животот неколку години порано кога Самоил го убил сопственио брат и семејството заради завера против него а во корист на Византискиот и Бугарскиот двор. Така ти е тоа во животот. Не случајно настанала она народна “Господе чувај ме од злото на оноие на кои сум му направил добро“. Но да ја оставиме историјата за друга прилика. Сакам само да го “оправдам“  царскиот епитет на Шар, Цар планина и да ја нагласам споредбата на Шара со Олимп и Арарат.

Бидејќи Шара има нешто кое го немаат ни Олимп ни Арарат ни многу други познати и непознати планини. Шара ја има Гора. А Гора е големо богатство, не само со своите  стада овци кои се белеат по рудините мешајќи се со неистопениот снег, не само по убавите коњи и по најубавите и надалеку познати овчарски кучиња Шарпланинците. Благодарејќи на Гора и Гораните Балканот ужива во лезетот на најдобриот бурек, шарската плескавица, ја пие најдобрата боза и се насладува со разноразните слаткарски, татли производи кои токму од Гора го започнале својот освојувачки поход по Балканите.

Гора е богата и со историја и историски личности. Се плашам дека ќе бидам неправеден ако издвојам само двајца но морам нив да ги спомнам. А тоа се бајрактарот на исламот, дервишот Селим Деде за кого се смета дека како евлија учествувал во Косовската битка и чие турбе и денес се наоѓа во Рестелица и големиот везир и заповедник на  Османската војска Синан паша Горанин, голем вакиф, војсководец и политичар. Човекот кој на многу нашинци ќе им го трасира патот и ќе има ги отвори портите на  Големата порта во Стамбол и на Дворот на султаните.

Но најголемото богатство што го има Гора е фолклорот, усната книжевност и традиција, преданијата, баладите и народните песни. Баладата “Јусиф и Џемила“  по својата лиричност, елегичност и уметничка вредност во ништо не заостанува зад светски познатата “Хасанагиница“ од која дури еден Гете бил импресиониран. Да не прам муабет за огромната горанска сехара, ризница од горански песми со непорценлива вредност. Многу од нив денес се “обработени“ и познати како “српски“, “албански“, “македонски“ или“ бугарски“ песми. Обработката значи менување на изворните горански лафој а најчесто менување на муслиманските имиња на опеаните личности и особено зборовите кои асоцираат на османско-исламскиот, односно муслиманскиот културно-историски круг на кој Гора, според својот бит и ентитет, несомнено, ноторно му припаѓа и е негов интегрален дел.

Гора ја има Рестелица, едно од најголемите села не само во Гора, не само на Косово туку у пошироко. Разцветана како туфче, китка од убави и големи куќи кои чиниш заковани се на неколку стрмни падини во форма на пиростија. На самите врвови на Шара, на надморска висина од околу 1500 м. Сега као последна, крајна дестинација и слепо црево, но некогаш како раскрсница од Призрен и Драгаш за Борје и Шиштеец кон Албанија а прку Торбешки мост и Река кон Македонија. Народната “секое зло за добро“ ми се чини никаде не е поприемлива и поразборлива како што е случајот со Гора и особено со Рестелица. Ако граничните делби од почетокот на минатиот век биле зло, неправда и изолираност, токму таа изолираност допринела културното наследство, особено фолклорот и преданијата, усната книжевност  да останат чисти, недирнати и автентични. Надвор од секакви влијанија. Така денес имаме песми со специфичен, автентичен горански стил и на мелодиски и на текстуален план. Тоа го има само Гора.

А Рестелица пак е врвот на Гора во секој поглед. Рестелица има се што има Гора и нешто повеќе од тоа. Рестелица ги има браќата Мушка. Да го цитирам мојот пријател од Брезница, собирачот на народното творештво на “нашинците„ (Бошњаци, Горани, Торбеши и Помаци), хроничарот и голем заљубеник во Рестелица Мехмед Бујукли кој во предговорот на “Ѓерданот“ кој ни го нанижија Мурат и неговите браќа Наиљ и Хасан заедно со нивните синови и внуци вели: “За мене Косово е Рестелица а Рестелица е браќа Мушка„. Колку и да има пристрасност и субјективизам во оваа реченица на Мехмед, има и голема вистина. Она што го видов во Ресторанот “Јељице“ во Рестелица на 5 мај несомнено го потврдува тоа. Промоција на книгата “Горанске Песме- Ѓердан“. Да се промовира еден таков “ѓердан“ со речиси 300(и со букви триста) “нишки“- песми од перото на овие горостаси на пишаниот збор е навистина реткост и за многу поголеми и “покултурни“ средини од Рестелица. Тоа ги оправдува сите епитети кон браќата Мушка колку и да звучат субјективно и пристрасно.

Нема да бидам субјективен и јас ако го издвојам “царот“ Мурат. Не оној некогашен од  Косово поле туку овој сегашен наш цар Мурат од Шар планина. Не само затоа што токму тој е автор на повеќето песми, не само затоа што рецензентот на книгата, проф Муљаим Каќка го споредува со “балканскиот хомер“ Авдо Меѓедовиќ, туку затоа што Мурат не е само текстописец, пеач, кантавтор, композитор, аранжер и продуцент. Тој е и автор, сценарист и режисер на “Овчарче“, филмскиот серијал кој ја третира драмата, битот и тешката судбина на Торбешите/ Горани. Како таков поливалентен и сестран културен работник и плоден автор, Мурат со право може да се нарече моторот, локомотивата на композицијата наречена браќа Мушка.

За крај да кажам два три лафој за самата промоција на која присуствувавме околу педесетина Торбеши од Косово, Албанија и Македонија, повеќето пријатели и колеги на Мурат, “луѓе од перо“, кои имаат напишано по нешто. Од Македонија заедно со мене беше Абас Цаноски, автор на многу песми, меѓу кои и на антологиската “Кога тргнав Цвето во туѓина“, од Албанија браќата Докле. Елмаз кој ни ја ни ја подари неговата монографија за Борје и Борјаните и Назиф Докле, несомнено најголемиот и најплодниот торбешки книжевник, истражувач, бард на торбешката култура. Човекот од чие перо излегле над дваесетина книги и многу други трудови. И во оваа прилика не почести со две. Најновата со фотографии од животот Торбешите во Албанија и уште една со наслов “Torbeshet e Kukessit-Martesa”. Oд Косоварите морам најпрво да ги истакнам мојот апап хаџи Рамадан Реџеплари, исто така голем бард на торбешката култура, собирачот на стари горански песми објавени во неговата “Седефна тамбура“ како и легенди, преданија и раскази кои ги обајвил во неговата трилогија со наслов “Чекмеџе“ и журналистит Раиф Каси кој со неговата елоквентност брилираше како модератор на промоцијата. Да не ги заборавиме и рестеличаните Сулејман Сефери, поранешен директор на школото и многу почитуван културен деец и основач на Куд “Себуанче“, професорот Риза Мурати, како и актуелниот директор Јусуф Хоџа кој ни ја подари книгата “За кого сме“, авторски дело на неговиот брат Енсар кој како стоматолог е на гурбет во Швајцарија. Потоа магистерот и делегат во општина Драгаш, Шериф Ага автор на трудот “Гора како туристичка дестинација“, Несим Хоџа, директор на радио “Бамбус“ и актер во серијалот “Овчарче“, Мурадин и др. Алал нека ми чинат тие што сум ги заборабил, што заради фактот што бевме мнозина што заради големата возбуда и краткото време за запознавање. Но нема да ги заборавам брилијантните Џинџо Икмет и Фејзо Бреноли, врвни интерпретатори на изворни горански песми кои заедно со Хасан и Наиљ а со инструментална подршка на Садам зад сентисајзерот и  Хасан со неговата тамбура му дадоа посебен шмек на целиот настан. Не сум голем гурман и во принцип не сакам да пишувам за јадење, но морам да го спомнав специфицниот лезет на рестеличката шарска плескавица која со пилешки стек и ќебапи беше дел од менито на ручекот кој следеше по завршувањето на промоцијата како и студената шарпланинка вода која ги засени и ги фрли во аут другите пијалоци. На крај следеше сликање за да се овековечат тие незаборавни мигови, а по некоја слика и за на “face book” да се стави, по што со срдечни прегратки, селами, со здравје, Аллахиманет и со желби ваквите средби да бидат почести се разделивме со повеќето гости. По кратките интервјуа што ги дадов на мојот апап Мустафа Балје за РТК- редакцијата на Босански јазик и на Несим за Рестеличкото радио Бамбус јас Абас и Раиф заедно до домаќините Наиљ, Хасан, Несим. Муха и “галвниот јунак“ на целата “приказна“ Мурат се упативме во центарит на Рестелица, во една кафетерија каде го продолживме муабетот со кафе и со надалеку прочуената рестеличка боза. Во знак на благодарност за срдечниот прием и гостопримството на маса пред микрофонот на Несим од Радио Бамбус, им ја испеав нашата торбешка “Заспала мома преспала“, песма која го опејува нашиот Стрижак, овците и елегишната љубов на заспаната торбешка мома. Ношто поприкладно за таа прилика и за тоа место. Иако, заради моите скромни вокални квалитети, можеби не беше добро испеана, ама многу им се допадна, бидејќи и таа е една лирична пасторала како и горанските. Некаде помеѓу акшам и јација и ние се разделивме од домаќините со желба пак да се видиме. Така, полни со омпресии јас, Абас и Раиф тргнавме низ падините на Шара кон Драгаш и Призрен, оставајќи ја зад нас Рестелица која тој ден беше Торбешки Олимп и Арарат. Таму немаше “Ноева барка“, ниту се сретнаа хазрети Адем и Ава како на Арарат, ниту се собраа “богови“ како на Олимп, но затоа таму се сретнаа Торбешки интелектуалци, професори, историчари, етнолози, писатели скулптори, дрворезци, поети, мизичари текстописци, композитори и интерпретатори и други културни дејци. Таму, во Рестелица тој ден имаше Културна  Олимпијада наТорбеши од трите држави: Косово, Албанија и Македонија. Ткму на тромеѓето, на врвот на Шара. Во Торбешкиот Олимп – Рестелица.

Во прилог Ви доставуваме галерија од забележани фотографии од авторот на оваа колумна.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here