Дубаи за Нова Година ќе го приреди најголемиот огномет виден до сега

0
185

Небото над Дубаи на 31 декември ќе биде осветлено со мноштво импресивни огномети, па така овој град ќе биде една од најинтересните дестинации за дочекот на Новата година.

Фокусот ќе биде ставен на знаменитостите на градот, вклучувајќи ја и највисоката зграда на светот – Бурџ Калифа. Планирано е и спектакуларно шоу долж обалата на Дубаи, а огнометот би требало да трае 20 минути.Image result for Dubai new year 2013 fireworks

 

Организаторите се оптимистични дека на овој начин ќе го прикажат успехот на Обединетите Арапски Емирати, а спектаклот ќе биде приреден и за да се сруши светскиот рекорд за најголем огномет, што ќе биде уште поголема причина за славење, пренесуваат арапските медиуми.Related image

Се најавува дека дочекот на Новата година во Дубаи со сигурност ќе остане во сеќавањето на сите жители и посетители, а Дубаи на овој начин ќе го одбележи крајот на една многу успешна година, чиј врв беше добивањето на организацијата на светската изложба “Expo 2020”.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here