Во авион во кој има два нивоа(спратови) се емитуваат иесклучиво холивудски филмови, а првото слетување на пистата во Лос Ангелес го имаше вчера.
Летајќи на оваа линија, авионот ма прелетува Русија,Северниот пол и источна Канада, а летот трае цели 16 саати и 20 минути.
Слетувањето на гламурозниот А380 авион во градот на ангелите изгледало сосема природно, затоа што овој авион може да им парира на луксузниот стил на живот на Холивуд, изјави Хуберт Фрач,потпретседател на Емирати авиокомпанијата за комерцијалните летови кон Запад.
Авионот А380 има 489 седишта, од кои 14 во првата класа и 76 во бизнис класата и 399 во економската класа. Од 23 декември ќе има секојдневна линија. Од Дубаи полетува во 08.20 часот а наутро пристигнува во Лос Ангелес во 12:50 часот истиот ден. Враќањето се планира од 16:30 од Лос Ангелес, а во Дубаи пристигнува во во 19:50 часот.
Времето на доаѓање во Дубаи на патниците од Лос Ангелес им нуди можност да се поврзат со дестинациите кон Средниот исток, Индија,Азија,Африка и Далечниот Исток.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=2lRuy9V7OiI[/embedyt]










