Кога размислуваме за економскиот развој на предувањето на градовите или државите воопшто,првенствено мислиме на економските и развојните потенцијали на предметната држава. И се разбира, тоа се основните параметри за развој. Меѓутоа двигател  на сето тоа мора да биде чове со визија која ќе биде толку самосвојствен и способен дека никакви критики нема да влијаат на неговите настојувања да ја развие својата држава.

Најпознат пример на такво лидерство е шеикот Рашид бин Саед, владател на Дубаи, кој од 1971 година, после обединувањето на емиратите: Абу Даби,Аѓман,Дубаи,Фуѓаира,Рас-ал Каимаха,Шарјах, и Ум ал-Каиваина во Обединети Арапски емирати, тој ја искотисти високата цена на нафтата и благодарение на наоѓалиштата со овој енергент, го покрена Дубаи од темел.

До крајот на 1980 година Дубаи веќе имал изградено само пристаниште Џебел Али ама и најголев простор за поправање и градење на бродови, а вовел и таканаречена фри такси зона, а тоа значело дека сите оние кои ќе дојдат со своите компании во Дубаи, не мораат да платат никаков данок на ништо.

За отварање на фирма потребни се ддва дена

И така започна. Визијата на саканиот шеик Рашид кого во Дубаи го нарекуваат татко на Дубаи после неговата смрт, продолжи да го развива неговиот син Мохаммед, денешниот владетел на Дубаи. Свесен дека резервите на нафта наскоро нема да ги има, Мохаммед уште повеќе ги либерализирал условите за бизнис работењето во Дубаи, па заради тоа не е ни чудо тоа што  фирма во овој емират можете да отворете за неверојатни два дена.

Благодарение на ваквата политика на работење, во Дубаи егзистираат и работаат најголемите светски компании, банки,фабрики, никнуваат хотели како најпознатите ланци на Мариот, а Дубаи секој ден се повеќе расти и се шири. Она што некогаш пред 40 години, било сув пустински песок,сега е најголема оаза на светот со четири милиони палми,1500 хотели,3.000 ресторани,најголем шопинг центар на светот. Дубаи Мол кој се состои од 1.800 продавници и се разбира најголемиот аквариум на светот кој се наоѓа во состав на овој трговски центар.


Воздишката ја одзема и најголемата зграда на светот( повторно, направена на пустинскиот песок) Бурж Калифа, која со своите 868 метри висина и 160 катови представува врв на успехот на инжинерите, архитектите и градежните работници.

Оваа зграда самата држи неколку рекорди кои се забележени во Гинисовата книга на рекорди. Најголемата зграда на светот,најголем базен на светот,најмногу позиционирани болници на светот, а во оваа земја подготово се наоѓа и најбрзиот лифт на светот кој од подножјето до врвот на зградата ќе ве однесе за неверојатни 58 секунди.

Пред Бурж Калиха направено е огромно вештачко езеро со најголема програмирана фонтана на светот, која на секои 15 минути -танцува- со музика и светла, притоа правејќи неверојатни водени облици кои ви го земаат здивот.

Со закон во Дубаи е запишано дека не смеат да се направат два исти облакодери,па заради тоа дизајнерите и ахритекти ја пуштиле својата фантазија на слобода и направиле прекрасни згради кои со стотици метра се надвивнуваат над Дубаи.

Осторв на Палмите- наизглед неостварлив проект

Кога пред 15 години шеикот Мохаммед наредил изградба на Остров на палми, никој  не верувал дека тој проект ќе биде изведен до крај. И , навистина, дури кога ќе се најдете на тој остров можете да ја сфатете гоемината на градежниот предизвик. Милиони тони пустински песок е насеано-транспортирно на морското дно како од морското дно би изронил остров во облик на плама, на кој денес се наоѓаат стотици приватни згради,куќи,хотели,ресторани.

Еден од нај гламурните е хотелот Атлантис, архитектонско чудо од 1.500 соби, каде ноќевањето со доручек чини 1000 евра. Хотелот е отворен во 2009 година, а само за огнометот при отврањето е платено 30 милиони евра. Во рамките на хотелот се наоѓа најголемиот воден парк на светот, кој освен бескрајните тобогани,рекички,огромни плажи и многу други воден и атракции нуди и посебна авантура: пливање со делфини, во Заливот на делфините. 

По доаѓањето во Заливот на делфините, љубезниот персонал ќе ви побара резервација, и оваа задоволство со делфините ќе ве кошта 250 евра по особа за пливање , 80 евра доколку сакате некој да ве слика во текот на авантурата и дополнителни 150 евра ако сакате ЦД-ДВД со слики.

Сепак, чувствиото навистина е неопишливо, и ова е нешто што секако не би требало да го пропуштите како патот ве однесе во Дубаи.

Да се вратиме на раскошот на Дубаи. Пред неколку години светот го заобиколи вест за отварање на првиот хотел со 7 звездички во светот – Бурж ал Араб. Ноќевањето во овој хотел изнесува 10.000 евра, а пополнетоста му е неверојатна 90%! Инаку сите хотели во Дубаи, чии цени се движат од 600 евра па во луксзуниот дел па нагоре секоја година бележат висока посетеност.

Најскапиот пијалак на светот 36.000 евра.

Во Бурж ал Араб можете да се напиете од најскапиот пијалок на светот, коктел кој ќе ви биде послужен во златна чаша, а тој ќе ве чини 36.000 евра. За утеха, откако тој пијалок ќе го испиете, оваа златна чаша ќе можете да си ја земете со себе.

Недалеку од овој хотел се наоѓа (веројатно и единствена) колекцијата на златни статуи на коњи изработени во природна големина.

Владетелот на Дубаи, шеикот Мохаммед, за кого сведочат многумина, то е емногу едноставен човек кој шета низ Дубаи без придружба и телохранители. Во својот емират се држи под контрола и не дозволува ленштилок.

Еден од локалните жители на Дубаи ни раскажа дека шеикот често ги заобиколува сите институции, министерства,фирми. Работното време започнува од 8.30 часот и доколку шеикот во тоа време не го пронајде работникот на работното место без размислување му дава отказ. Еднаш му се жалеле дека многу долго се чека на аеродромот ( кој е погодувате, најголем на светот), за влез во Дубаи, еднаш тој ги повикал сите раководители на Аеродромот Дубаи кај себе во палатата . На закажаното време за средба со шеикот сите службеници биле тука на точно определеното време, ама шеикот се појавил дури два часа со задоцнување. Присутните кои по обичај на традицијата мора да стојат се додека владетелот не ги повика да седнат , ги запрашал дали им било пријатно и удобно да чекаат. Откако одговориле дека навистина не било пријатно, тој им рекол: Сега гледате како им е на оние кои чекаат во редовите на аеродромот.

ОАЕ е единствена земја на светот каде локалното становништво представува малцинство. Заправо, во Дубаи, на пример живеат два милиони жители. Од тоа 1,8 милиони се странци (220 националности) и само 200.000 локални жители. Не постои начин да добиете државјанство на ОАЕ, по било која основа, освен ако тоа не ви го дозволи шеикот, а тоа не се случува. Зошто?

Локалните жители ги имаат сите погодности.

Локалните жители ги уживаат сите можни предности кои можете да си ги замислете. На пример, доколку, се разболи некој од нив и потребна муе некаква операција или лечење било каде во светот, шеикот Мохаммед ги плаќа сите трошоци и тоа не само на неговиот пациент туку и на неговото смејство доколку сакаат да отпатуваат со него.

Децата на локалните жители можат да студираат каде ќе посакаат, на било кој универзитет. Ми раскажаа еден настан на девојка која во Дубаи завржила медицина, а за место за специјализација одбрала една болницца во Минхен (Германија). Шеикот не само шти ја платил нејзината специјализација, туку на таа болница и дал и донација од 8-милиони евра.

Секој од локалните жители има вила од 250 до 500 метра квадратни, која ја добиваат на подарок од шеикот Мохаммед.

Инаку самиот шеик живее во палата до чија влезна врата ве водат стотина метра дрворед од палми, а околу капијата која потсетува на онаа Триумфалната, слободно се шетаат стотици пауни. До самата палата, се разбира не може да се дојде, ама два пати годишно за време на двата празници Бајрами, вратата на оваа палата ја отвара владетелот на емиратот Абу Даби, и тогаш сите слободно можат да влезат, и да ја разгледаат, и во таа пригода ќе им биде подарено по 100 дирхеми (околу 25 евра)

Дубаи е рекордер и во некои други работи, како на пример висината на јарболот за националното знаме. Овој јарбол на кој гордо се вее знамето на ОАЕ е високо 168 метра, а за неговата изградба е потрошено 8 милони евра.

Исто така Дубаи може да се пофали и со најголемиот погон за Десоланизација на светот, односно претварање на морската вода во питка вода.

Седум траки на автопатот како симбол на седум емирати.

Вистинско чудо е и подземната железница, метро, инаку најпопуларно превозно средство  за стотици илјадници работници на Дубаи. Изградена е во пустинскиот песок и не можете да не се вчудоневидите од вештината на овие градежни работници кои успеале да ја изградат на вакво тло.

Неверојатен предизвик е автопатот кој води од Дубаи до Абу Даби. Станува збор за автопат со седум траки кој ги симболизира седумте емирати.

Исто тука ќе ве фасцинира и така наречениот Медија Сити, кој представува дом за водечките светски медиски куќи како: СНН,Ројтерс,НБС…

Шеикот Мохаммед, е свесен дека знаењето ги гради градовите и развива земјите, па заради тоа во Дубаи ги привлече нахдобрите ИТ стручњаци,архитекти,доктори,банкари, итд. Сите тие дибиваат можност да докажат колку знаат.

И за крај, во Дубаи живеат 18.000 милионери и илјада милијардери. што го прави рекордер и по ова во светот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here