Доколку до сега не се патувале за Дубаи град кои и пркоси на природата и се развива се побрзо од било кој друг град во светот,а сакате да бидете сведок на изградбата на еден поинаков потполно друг свет,еве ќе се потрудиме низ овој натпис накратко да ви го олесниме предстојот и скратиме планираното патување. Кога човек ќе дојде во Дубаи,просто не знае на која страна да тргне и што најпрво да види, затоа што целиот град представуава чудо на современата цивилизација.

Испитувајќи ја оваа “материја”,забвележавме заблудата во која готово сите ние живееме, а која гласи:”Лесно им е нив да живеат,полни се како брод со пари и нафта, Ама што ќе се случи кога на шеикот ќе му престане да тече нафтата?!”Меѓутоа, Википедиа и уште неколку извори велат дека нафтата денес во купниот доход на Дубаи ушествува со помалку од 6%?! Се проценува дека шеикот веќе солидно ја потрошил нафтата во својот двор и дека таа ќе му потрае уште помалку од 20 години. Заради тоа тие толку убаво се свртија кон изградба на недвижнини,продавници,финансиски услуги,и се разбира туризам . Токму како и Западот..
Град на иднината,спој на традиционалниот арапски и најмодерниот светски,еден од престолнините на туризмот во светот, со еден збор- сето тоа е ДУБАИ. Арапите во трговскиот центар “Дубаи Мол” сместија аквариум во кој нема само мали видови на риба, туку и вистински ајкули. И останатите шопинг центри имаат свои карактеристики. Најпознати и најдобри се”Емирати мол”со познатото затворени скујалиште,”Деира сити центарот”,”Фестивак сити”(постојат и канали по кои патуваат туристички чамци)”Марина мол” кој е сместен помеѓу огромните солитери, со застрашувачка висина и свемирски изглед.

Посебен впечаток остава”Инб Батута мол”. Тој го добил името по нивниот познат патописец,а делови во тој шопинг центар поделени се по земји за кои тој пишувал, така да веднаш ќе наидете на “врати кон” Андалузија,Египет,Тунис,Иран,Ирак.. Од нив се купува најдобрата европска и светска роба.
Потполно автоматизирано метро без возач, исто така залужува воздишка. Во самиот центаре под земјата, додека многу брзо изронуваат на висината од 10 метри и овозможува некои од најдобрите погледи на градот. Метрото има вагони за прва класа,кои дополнително коштаат и овозможуваат поглед ананапред од самиот почеток на возот, затоа што тука нема возач.
ВИСОКАТА ЛЕПОТИЦА
Кога ќе допатувате во Дубаи,не можете а да не ја посетете највисоката зграда на светот”Бурж Калифа”,навистина многу висока лепотица:”таа израснала” до 828 метра и има 160 катови.. А со поглед од 124-кат можете да го видете светликавите води на заливот и златните арапски песочни дини. Овде е снимено четвртото продолжение од филмот “невозможна мисија” со Том Круз во главната улога.

Едоставно Дубаи продолжува и понатаму да личи на Приказна без почеток и Крај.










