
Тој контраст на древноста и современоста им дава можност на туристите да се запознаат со арапската култура во едно од најотворените региони во околината.
Бастакија (Bastakiya), стар град на западната страна од полуостровот кој го дели градот на Деира област на исток и Бур Дубаи на запад, изгледа сликовито и ја овозможува потребната топлина на некогашниот стерилен дел на Дубаи.
Првобитно овде, кон крајот на 19 век се наоѓале куќи на ирански трговци, ама во осумдесеттите години на минатиот век местото е реконструирано како би се изградил погоден простор за комплекс канцеларии за владетелите на Дубаи, односно емиратите во тоа време.
Бастакија како културно наследство својот статус го добил во 1988 година, спречувајќи го вториот бран на рушење. Од тогаш градот е фокусиран на обновување на соседството и физички и културно. Овде живеат мал број на луѓе , ама во близина на Соукс пазарот, циркулацијата на трговците ги оживува улиците на оваа место.

Шеик Мухаммед Центарот за културно разбирање (The Sheikh Mohammed Centre for Cultural Understanding) е едно од последните места во градот кое ги служи традиционалните емиратски оброци (јадења)
Лукаимат-Lukaimat пециво со сируп, сладок кнобс каме-khobs khameerр леб со семе и шафран, и силно миризливо кафе представува одличен оброк за почеток на денот.
Уметноста и архитектурата на Бастакија овозможувата уште еден поглед во минатото на Дубаи. Кулите на ветровите (windtowers) се многу привлечни за туристите, а за дознаете како се градени овие фасцинантни објекти одвнатре,посетете ја Мажилс галеријата, тоа а куќа стара преку 70 години, и истата е претворена во изложбен простор и во која сите најважни елементи внимателно се обновени.
Ако сакате да ручате покрај вода, посетете ја Бур Дубаи абра-Bur Dubai abra ( една од станиците на такси на вода), и уживајте во чајот од мента и фалафела кој овде се служи уште од 1953 година.
Современиот Дубаи е се ова: Кули на ветровите, раскошни хотели,фантастични автомобили и пријатни дворишта за лесни разговори. Додека градот подготвено ја прифаќа својата улога на трговски центар, тој сепак не се одрекува од својата арапска традиција. Туристите каде и да одат, ќе видат по нешто од двата света на Дубаи.
Дубаи Портал.










