Пред посетата на Фон дер Лајен: Засилени контакти со ЕУ

Пред посетата на Фон дер Лајен: Засилени контакти со ЕУ

by Administrator

Во пресрет на посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Западен Балкан кон крајот на месецот, македонскиот државен врв има зачестени средби и разговори за можностите и условите за деблокада на пристапниот пат кон Европската Унија.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Скопје имаше средба со европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за земјата, Томас Вајц, придружуван од шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Михалис Рокас. Во исто време, премиерот Христијан Мицкоски, кој е во посета на САД, заедно со лидерите на земјите од Западен Балкан во Њујорк се сретна со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

Сиљановска со Вајц за деблокада на евроинтеграцијата

Претседателката, како што соопшти нејзиниот кабинет, со Вајц разговарала за македонската евроинтеграција, можностите и условите за деблокада на пристапниот процес, како и заполитиката на проширување на Европската Унија низ призмата на геополитичките закани и употребата на ветото.

Сиљановска-Давкова ги поздравила напорите за објективен пристап во известувањето на Вајц, како и неговиот став дека билатералните прашања треба да бидат одвоени од формалниот процес на пристапување кон Европската Унија.

Во пресрет на извештајот на Европската Комисија, соговорниците размениле мислења за потребните и можните реформи на процесот на проширување врз основа на воочените проблеми.

dw.de

You may also like