Турција одобри договор со Саудиска Арабија за меѓусебно укинување на визите за носители на дипломатски и специјални пасоши, објави во саботата „Службен весник“ на земјата.

Според декретот потпишан од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, стапи во сила договорот меѓу владите на Турција и Саудиска Арабија за меѓусебно укинување на визите за носители на дипломатски и специјални пасоши.

Спогодбата им овозможува на носителите на овие пасоши да влегуваат, транзитираат, излегуваат и привремено да престојуваат во другата земја без виза до 90 дена во рок од 180 дена.

(Vijesti.ba / Fena)