Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп јасно ставил до знаење дека сака САД да го „преземат“ Гренланд, додавајќи дека испраќањето европски сили во областа нема да влијае на неговата одлука.
Ливит рече дека разговорите меѓу данските и гренландските министри за надворешни работи со американскиот потпретседател Џ.Д. Венс и државниот секретар Марко Рубио биле „продуктивни“.
„Беше добар состанок. Двете страни се согласија да формираат работна група за да продолжат со техничките дискусии за стекнување на Гренланд“, рече Ливит.
Таа додаде дека разговорите треба да се одржуваат на секои две до три недели.
„Ова е разговор што администрацијата има намера да го продолжи со Данците и делегацијата на Гренланд“, рече таа.
Левит нагласи дека испраќањето европски сили на Гренланд нема да го промени ставот на Трамп за преземање на територијата.
Претходно беше објавено дека сили од Франција, Германија, Обединетото Кралство, Холандија, Норвешка и Шведска се упатуваат кон Гренланд.
Данска изјави дека операцијата ќе „ја зајакне нашата способност за дејствување во областа“, додека Трамп претходно тврдеше дека само американската контрола може да ја заштити арктичката територија од Русија и Кина.
faktor
