Реза Пахлави, син на последниот ирански шах и наследник на престолот во егзил, објави видео во кое ја изложи својата визија за Иран под негово водство, најавувајќи го признавањето на Израел како еден од првите чекори.
Во обраќање споделено на социјалната мрежа X, Пахлави изјави дека, доколку дојде на власт, ќе ја затвори нуклеарната програма на Иран и ќе работи на нормализирање на односите на Техеран со Израел, што ги смета за клучни насоки за неговата политика.
Слободен Иран ќе соработува со глобалните и регионалните партнери за борба против тероризмот, организираниот криминал, екстремистичкиот ислам и трговијата со дрога – рече Пахлави, меѓу другото.
– Односите со Соединетите Американски Држави ќе бидат нормализирани, а нашето пријателство со Америка и нејзиниот народ ќе биде обновено. Државата Израел ќе биде веднаш признаена. Ќе се движиме кон проширување на Авраамовите договори во Кировските договори, поврзувајќи го слободниот Иран со Израел и арапскиот свет – рече Пахлави.
To all of our friends around the world,
Under the yoke of the Islamic Republic, Iran is identified in your minds with terrorism, extremism, and poverty. The real Iran is a different Iran. A beautiful, peace-loving, and flourishing Iran.
It is the Iran that existed before the… pic.twitter.com/IhK6ZRYDY0
— Reza Pahlavi (@PahlaviReza) January 15, 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп во ексклузивно интервју за Ројтерс во среда изјави дека Реза Пахлави „изгледа многу убаво“, но изрази несигурност дали ќе може да обезбеди поддршка во Иран за на крајот да ја преземе власта.
Трамп постојано се закануваше дека ќе интервенира во поддршка на демонстрантите во Иран, каде што, според извештаите, илјадници се убиени во задушувањето на антивладините немири. Но, во среда се двоумеше да му даде целосна поддршка на Пахлави, синот на иранскиот шах кој беше соборен од власт во 1979 година.
„Изгледа многу убаво, но не знам како би се однесувал во сопствената земја“, рече Трамп.
„И сè уште не сме стигнале до таа точка. Не знам дали неговата земја би го прифатила неговото водство, а ако го стори тоа, тоа би било во ред за мене.“
Реза Пахлави се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим во април 2023 година.
Потоа Нетанјаху вети дека ќе продолжи со борбата против иранската влада и нејзината нуклеарна програма.









