Американскиот претседател Доналд Трамп ја повтори својата закана за воена интервенција доколку иранските власти прибегнат кон смртоносно насилство.
„Им дадов до знаење дека ако почнат да убиваат луѓе, што обично го прават за време на нивните немири, а имаат многу немири, ако го сторат тоа, ќе ги удриме многу силно“, рече Трамп.
Неговиот министер за финансии Скот Бесент додаде дека економијата на Иран е „на колена“ и дека ова е „тензичен момент“.
Во меѓувреме, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги повика безбедносните сили да покажат „крајна воздржаност“ во справувањето со мирните протести.
Сепак, врховниот лидер Хамнеи рече дека треба да се разговара со демонстрантите, но дека „насилниците треба да им се покаже нивното место“.









